Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеизмичките податоци укажуваат дека браната Нова Каховка е крената во воздух

0
By Соња Крамарска on June 9, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 9, 2023 15:37

Се зголемуваат доказите дека браната Нова Каховка е крената во воздух, по објавувањето на сеизмички податоци кои покажуваат експлозија во раните утрински часови во вторникот, пишува Гардијан.

Независната истражувачка фондација Норсар (Норвешка сеизмичка агенција) вели дека сигналите од регионалната станица во Романија укажуваат на експлозија во 2.54 часот. Норсар нема донесено заклучоци за тоа кој е одговорен.

Украинската влада соопшти дека руските окупациски сили имале контрола над хидроелектраната на врвот на браната и ја користеле во моментот на експлозијата, а експертите велат дека би било многу полесно да се крене браната одвнатре отколку да се пука во неа од далечина.

Во петокот наутро, Украинската служба за безбедност (УСБ) објави снимка за која тврди дека е пресретнат телефонски повик што ја докажува одговорноста на Русија за минирањето на браната.

УСБ објави снимка од телефонскиот разговор во траење од 90 секунди на апликацијата за социјални медиуми Телеграм и тврди дека е помеѓу двајца „окупатори“, како што украинските власти најчесто ги нарекуваат руски војници.

Не можеше да се потврди автентичноста на повикот. Најавата на УСБ не ги идентификува говорниците, ниту пак го означува времето или местото каде што се одиграл повикот. Извор од УСБ изјави дека повикот бил пресретнат во четвртокот и дека не може да се дадат дополнителни детали бидејќи снимката е дел од кривична истрага.

Украинските власти изразија незадоволство што извештајот на Киев за уништувањето на браната сè уште не е потврден од американски, британски или други разузнавачки агенции.

Ихор Сирота, извршен директор на украинската хидроцентрала Укрхидроенерго, ги отфрли сугестиите дека браната можеби е уништена како резултат на украинско гранатирање или катастрофален дефект на структурата, велејќи дека тоа е руска пропаганда.

„Објектот е дизајниран да издржи нуклеарен напад“, изјави Сирота за Гардијан во интервју во Киев.

„За да се уништи фабриката однадвор, на истото место требаше да бидат фрлени најмалку три воздушни бомби, секоја тешка по 500 килограми. Станицата беше крената во воздух одвнатре“, објасни тој.

Нова Каховка Украинска служба за безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.