Author: Соња Крамарска

Пратениците во бугарскиот парламент денес ја одобрија одлуката за набавка на уште осум борбени авиони Ф-16. Тие ќе ја чинат Бугарија 2,6 милијарди лева, или 1,292 милијарди долари јави БГНЕС. 1,292 милијарди долари ќе чини купувањето на самите авиони и обуката на пилоти, 24,4 милиони долари ќе бидат за набавка на авијациски наведувани ракети, а 3,67 милиони долари ќе чини набавката на мултифункционален систем за дистрибуција на информации – заеднички тактички радио систем. Првите осум авиони Ф-16 кои Бугарија веќе ги плати треба да пристигнат во 2025 година, а новите осум авиони треба да бидат во земјава во 2027 година.…

Read More

Обединетото Кралство ги крена каматните стапки од сегашните 2,25 отсто на дури три отсто, што е најголем скок на каматните стапки од 1989 година. Со ваквиот потег на банката на Англија цената на заемите се качи на највисоко ниво од кризата во 2008 година, кога банкарскиот систем во Велика Британија се соочи со целосен колапс, јави Би-би-си. Но, ова рекордно зголемување на каматните стапки почна уште во декември, кога трошоците за живот во Обединетото Кралство почнаа забрзано да растат и на многу домаќинства во земјата им беше тешко да ги покријат основните трошоци. Рецесија е кога најмалку два квартали по…

Read More

Владата на денешната седница одлучи да го продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење на домаќинствата на подрачјето на град Скопје. Според одлуката, оваа мерка ќе важи се до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука, велат од Владата има за цел заштита на домаќинствата од повисока цена на топлинска енергија. „Мерката за финансиската поддршка е предвидено да се реализира согласно меѓусебните права и обврски утврдени со склучени договори помеѓу акционерското друштво за производство на електрична енергија – ЕСМ, во државна сопственост, Скопје и носителите на лиценца за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот…

Read More

Вработените во Твитер се подготвуваат за отпуштања откако новиот сопственик Илон Маск им најави дека ќе ја реновира социјалната платформа. Во писмото до вработените, кое го објавија и повеќе медиуми, компанијата вели дека вработените ќе дознаат до 9 часот претпладне дали се отпуштени. Во писмото не е наведено колку луѓе ќе останат без работа. Некои вработени утрово твитнаа дека веќе го изгубиле пристапот до нивните работни компјутери. Во мејлот до персоналот се вели дека намалувањата на работните места се „неопходни за да се обезбеди успехот на компанијата напред“. Околу 7.500 вработени на Твитер очекуваат отпуштања откако Маск го презеде кормилото…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, во емисијата „Разговор во редакција“ истакна дека со најновите одлуки на Владата им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ и да имаат поевтина струја. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Со ваква одлука цените на основните прехранбени производи треба да се намалат за најмалку 10…

Read More

На 7 ноември се спроведува гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За првпат, согласно новиот Закон за јавното обвинителство, изборот за основен јавен обвинител на тоа обвинителство се врши со гласање на сите јавни обвинители во државата. Сметам дека ваквиот начин на избор дава можност директно со вашиот глас да влијаете за подобрување на состојбите во Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е важен дел од обвинителската структура, а функцијата прв човек на ова обвинителство е моќна, но и многу одговорна. За…

Read More

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска, за јавно обвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените.  Со Законите за изменување на законот за судска служба и  за јавно обвинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите…

Read More

ЕСМ со преземањето на топланите „Исток“ и „Запад“ под закуп од АД „Адора“ ги подготвува да можат да работат и на алтернативно гориво како втора варијанта, а тоа е дизел горивото. Ова ќе се користи во случај да го нема природниот гас или да се случат екстремно високи цени. Тогаш достапноста на дизел горивото, што го имаме во државните резерви во државата, ќе биде полесно достапно и ќе може полесно да се справиме со евентуална криза. Ова го најави директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски на денешната прес конференција и најави дека од 15 ноември на овие топлани се подготвуваат…

Read More

Шефовите на влади на шесте економии на Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност во рамки на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, и тие ќе допрат до оние до кои се наменети, а тоа се нашите граѓани, рече генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу на Самитот на Берлинскиот процес, што се одржува на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин. -Иако беа отпишани како речиси невозможни, по тешки и комплицирани две години, три главни договори за мобилност што ги координираше Советот за регионална соработка, конечно го здогледаа светлото на денот. Денес тие допираат до оние…

Read More

Три брода со над илјада баратели на азил се наоѓаат во Медитеранот и бараат пристаниште кое ќе ги прифати, Европската комисија потсетува дека тоа е легална и морална обврска, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија потврди дека е информирана оти три брода моментално во Медитеранот сигнализирале тревога и упатиле барање за безбедно вкотвување во Европа, овие бродови пренесуваат мигранти и бегалци од целиот свет. Тие побарале од Малта, Италија или Франција да им дадат пристап до своите пристаништа, но за сега без одговор. Портпаролката за внатрешни работи во Европската Комисија, Анита Хопер, на денешниот брифинг за новинари потсети…

Read More

Во рамки на самитот за Берлински процес што се одржува денеска во Берлин, од страна премиерот Димитар Ковачевски и лидерите од земјите од Западен Балкан беа потпишани три регионални договори. Договорите се однесуваат на взаемно признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан. Потпишувањето на овие меѓународни договори треба да ја зајакне соработката помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора и Косово во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните…

Read More

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS George H.W. Bush (CVN 77) изутринава вплови во сплитското пристаниште. Станува збор за најмладиот американски носач на авиони и еден од најголемите воени бродови на светот. Хрватската Влада кон крајот на октомври даде дозвола за неговото впловување. Бродот е од класата Nimitz и долг е 333 метри. Неговата максимална брзина надминува 30 јазли, а се напојува од два нуклеарни реакторa. Може да плови повеќе од 20 години без дополнување гориво. Капацитетот на бродот е 3.532 членови на eкипаж и може да носи 90 авиони и хеликоптери. Бродот е изграден во 2009 година,…

Read More