Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 15 ноември ЕСМ ќе ги тестира топланите „Исток“ и „Запад“ дали може да работат на дизел

0
By Соња Крамарска on November 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2022 16:06

ЕСМ со преземањето на топланите „Исток“ и „Запад“ под закуп од АД „Адора“ ги подготвува да можат да работат и на алтернативно гориво како втора варијанта, а тоа е дизел горивото. Ова ќе се користи во случај да го нема природниот гас или да се случат екстремно високи цени. Тогаш достапноста на дизел горивото, што го имаме во државните резерви во државата, ќе биде полесно достапно и ќе може полесно да се справиме со евентуална криза.

Ова го најави директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски на денешната прес конференција и најави дека од 15 ноември на овие топлани се подготвуваат да направат одреден тест период во двете топлани ќе работат на дизел гориво за да се согледа дали системот ќе може да работи со овој енергенс затоа што во минатото работел на мазут.

„Топлинската енергија во период кога функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО од која се добива околу 60 отсто од потребната топлинска енергија за системот во Скопје, останува 40 отсто да се обезбеди од топланите „Исток“ и „Запад“. Токму затоа, заради поволните временски услови, планот на техничките кадри во ЕСМ е да направат тест период во промена на енергенсот. Префрлањето ќе биде во рок од 24 часа, но тоа не значи дека граѓаните ќе останат без топлинска енергија. Тоа ќе се прави прво на едната, а потоа на другата топлана, но при тоа најголем дел ќе се добива од ТЕ-ТО и нема да има прекини во добивањето топлинска енергија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека тест периодот ќе трае најмалку 10 дена во кој период треба да работи една топлана на дизел за да може да се следат параметрите и да се испита комплетно системот во кој се поставени околу 10 нови, најсовремени пумпи за дизел гориво во двете топлани.

Ковачевски на прес конференцијата информираше и за состојбите во делот на производството и испораката на електрична енергија.

„Од почетокот на годината до 31.10.2022 ЕСМ го има реализирано 100 отсто планот. Од предвидените 3 034 гиват-часови за овој период произведени се 3 039 гиват-часови што значи дека за некој гигават-час е и натфрлено производството од она што беше планирано за овој период од годината. Согласно нашиот план така очекуваме да продолжиме и во наредните два месеци и до крајот на годината во целост да го исполниме планот за производство за 2022 година“, рече Ковачевски.

Директорот на ЕСМ истакна дека од ЕСМ покрај производството на електрична енергија за периодот октомври, ноември, декември имале планирано и набавка на електрична енергија.

„За октомври беа планирани да се набават 49 600 гигават-часа кои во овој период успеавме со зголемено производство на нашите производни капацитети, со намалената потрошувачка, но и заради штедењето, во октомври имавме нула набавка на енергија и со тоа не се употреби механизмот од 10,5 милиони евра да се потрошат за купување на оваа електрична енергија“, рече Ковачевски.

За првиот дел од ноември, додаде тој, за 15 дена, предвидени се да се набават 72 000 мегават-часови кои во првата недела од месецот нема да ги набават, односно ќе се произведат потребните количества електрична енергија од сопствените капацитети.

„Единствено ќе има набавка на електрична енергија за периодот од 7 до 13 ноември за кој е потребна енергија од 16 800 мегават-часови и за која енергија треба да се платат, по 215 евра за мегават-час и ќе се уплатат околу 3,6 милиони евра само за една недела. Дополнително заштедата од една недела што нема да се набави енергија е над 4,2 милиони евра“, нагласи тој.

Ковачевски рече дека од 15 до 30 ноември ќе се види дали ќе се задоволи птрошувачката од домашното производство или ќе има потреба од дополнителна набавка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.