Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегу: Трите договори потпишани во Берлин допираат до оние кои се наменети – тоа се граѓаните

0
By Соња Крамарска on November 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2022 15:00

Шефовите на влади на шесте економии на Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност во рамки на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, и тие ќе допрат до оние до кои се наменети, а тоа се нашите граѓани, рече генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу на Самитот на Берлинскиот процес, што се одржува на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

-Иако беа отпишани како речиси невозможни, по тешки и комплицирани две години, три главни договори за мобилност што ги координираше Советот за регионална соработка, конечно го здогледаа светлото на денот. Денес тие допираат до оние до кои се наменети, а тоа се нашите граѓани. Слично на широко распространетото влијание на регионалниот договор за намалување на цените на роамингот и на зелените коридори, нивното влијание на терен ќе биде директно и конкретно. Тоа придонесува за рамномерна изградба на мостови што се и натаму потребни во нашиот регион, како и мостови со ЕУ, рече Брегу.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се заблагодари на Советот за регионална соработка на одлично завршената работа во изминатите две години на олеснување на склучувањето три договори за мобилност и повика на забрзување на регионалната соработка и процесот на европска интеграција.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен рече дека ова е исчекор кон интеграција во заедничкиот регионален пазар, бидејќи на луѓето им се дава можност да ги прошират искуствата и да го даваат она најдоброто на регионот.

Учесниците на Берлинскиот процес ја потврдија клучната улога на овој процес како придвижувач на регионалната соработка со која се забрзува процесот на интеграција со ЕУ и ги поздравија напорите што Западен Балкан ги вложи во спроведување на заедничкиот регионален пазар.

Учесниците на Самитот ја нагласија желбата за продолжување на Берлинскиот процес со цел да се искористи целосниот потенцијал за подобрување и инклузивна региона лна соработка и се согласија следниот самит во рамки на Берлинскиот процес да се одржи во 2023 година во Албанија.

извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.