Author: Соња Крамарска
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „HardTalk“ на BBC, со Стивен Сакр разговараше за почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, регионалната соработката и важноста на интеграција на Западен Балкан во ЕУ, последиците од воената агресија врз Украина како и светската енергетска криза. „На Европската Унија ѝ треба Северна Македонија, ѝ треба целиот Западен Балкан да биде дел од Европската Унија. Со новата геостратешка ситуација што ја имаме во Европа и по инвазијата на Русија врз Украина и по сите безбедносни, енергетски и економски предизвици што се појавија во Европа, јасно е и потврдено од сите лидери во Европа, почнувајќи…
Македонецот Мартин Саздов, познат како „Сакса“ е главна ѕвезда деновиве во медиумите затоа што конечно го освои Светското првенство во Дота 2 со неговиот тим Тундра, кој остана непоразен во текот на цел турнир и загуби само четири мапи, а со триумфот во финалето заработи неверојатни осум милиони долари, се вели во сторијата на Sport 1.mk во која е застапен поширок осврт за овој несекојдневен настан за нашата земја. По долги години во една од најпопуларните игри во светот на е-Спортот, „Сакса“ конечно го оствари сонот кој го имаат голем број играчи на популарната Дота 2, иако патот до успехот воопшто…
Во текот на вчерашниот ден Русија изврши 60 ракетни и 15 воздушни напади и употреби повеќе ракетни фрлачи повеќе од 45 пати. Според Укринформ, ова го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук. „Непријателот погоди области на повеќе од 50 населени места, вклучувајќи ги Соледар, Вухледар, Јаковливка и Веселе во регионот на Доњецк“, се вели во извештајот. Во градот Каховка во областа Керсон, граѓаните кои живеат во станови покрај брегот на реката Днепар насилно ги иселуваат од нивните домови. Руските напаѓачи ги зацврстуваат своите позиции и градат бариери со мини-експлозивни огради околу домовите на цивилите. Во населбата…
Излезе печатеното издание на „Зелена читанка“, во издание на ЦИВИЛ. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата во електронска и печатена форма произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Публикацијата е печатена на рециклирана хартија и е објавена на македонски и албански јазик. Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. Читанката е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено може да биде…
Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на настан по повод новата инвестиција на АД МЕПСО со која започнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Станува збор за најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО. Проектот е во вредност од скоро 5 милиони евра и е клучен за стабилен и доверлив пренос на информации и податоци во електроенергетскиот систем на државата. Премиерот Ковачевски истакна дека инвестициите во преносната мрежа се од голема важност за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и за компаниите како и за реализација на големите проекти во секторот енергетика. „Преку концептот на…
На покана на германскиот канцелар Олаф Шолц в четврток во Берлин ќе се одржи Самит за Западен Балкан, како дел од таканаречениот Берлински процес, соопшти кабинетот на германскиот канцелар. На самитот ќе присуствуваат „шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, поранешните домаќини на самитот на Балканскиот процес од 2014 година, неколку членки на Европската Унија од регионот, како и највисоките претставници на регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението. Како што пренесува Бета, средбата е пред сè со цел натамошно интензивирање на соработката меѓу земјите од Западен Балкан. Берлинскиот процес е формат на годишни…
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен синоќа победи на трката за Големата награда на Мексико. За 25-годишниот Холанѓанец ова е 14-та победа сезонава во шампионатот во Формула 1. Така, Верстапен постави нов рекорд по бројот на освоени трки во една сезона, пред Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои имаат по 13 победи. Претходно, Верстапен веќе ја имаше обезбедено втората шампионската титула. Луис Хамилтон од Мерцедес го освои второто место на трката во Мексико, а тимскиот колега на Верстапен од Ред Бул, Серхио Перез беше трет. Следната трка ќе се одржи од 11 до 13 ноември во Бразил.
Москва во саботата се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН, тврдејќи дека Украина користела безбедносен коридор во Црното Море за да ја нападне нејзината флота. Путин рече дека Русија го суспендира – но не и завршува – своето учество во договорот што овозможува безбеден премин до бродовите што превезуваат украински жито. ОН велат дека таа ноќ немало бродови внатре во коридорот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека договорот ќе биде испочитуван и ја обвини Русија дека „го уценува светот со глад“ – тврдење што Русија го негира. И покрај последиците, вчера 12 бродови со 354.500 тони храна, вклучително…
По петти пат од 2019 година, Израелците денес гласаа на националните избори, надевајќи се дека ќе го надминат политичкиот ќорсокак што ја парализира земјата во последните три и пол години. Иако трошоците за живот се зголемуваат, израелско-палестинските тензии зовриваат и Иран останува централна закана, најважното прашање во гласањето повторно е поранешниот лидер Бенјамин Нетанјаху и неговата способност да ја води државата во услови кога е соочен со обвиненија за корупција. Неговиот главен ривал е човекот кој помогна Нетанјаху да биде соборен минатата година, центристичкиот привремен премиер Јаир Лапид. „Овие избори се избор меѓу иднината и минатото. Затоа, излезете и гласајте…
Норвешка од 1 ноември ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција. Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз по намалувањето на протокот на руски гас. „Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении. Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече премиерот Гар Сторе. Норвешка распореди војска за да ги чува своите офшор платформи и објекти…
Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини. „На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво. Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно…
Илон Маск се назначи себеси за извршен директор на Твитер и го распушти одборот на директори, објавија вчера извори од компанијата, додека вработените стравуваат од најавените отпуштањаспоред новото реструктуирање кое би можело да таргетира до една четвртина од персоналот. „Вашингтон пост“ вчера објави дека тимот на Маск разговарал за отпуштање на 25 отсто од работната сила на компанијата во првиот круг на отпуштања. Најавата за отпуштања доаѓа откако технолошкиот милијардер го купи Твитер минатата недела за фантастични 44 милијарди. Познатиот адвокат Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги водел разговорите за претстојните укинувања на работните места. По купувањето на…
