Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маск се назначи себеси за извршен директор на Твитер подготвувајќи масовни отпуштања на вработените

0
By Соња Крамарска on November 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2022 10:02

Илон Маск се назначи себеси за извршен директор на Твитер и го распушти одборот на директори, објавија вчера извори од компанијата, додека вработените стравуваат од најавените отпуштањаспоред новото реструктуирање кое би можело да таргетира до една четвртина од персоналот.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека тимот на Маск разговарал за отпуштање на 25 отсто од работната сила на компанијата во првиот круг на отпуштања.

Најавата за отпуштања доаѓа откако технолошкиот милијардер го купи Твитер минатата недела за фантастични 44 милијарди. Познатиот адвокат Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги водел разговорите за претстојните укинувања на работните места.

По купувањето на Твитер Маск брзо презеде контрола, отпуштајќи ги главните директори вклучително и главниот извршен директор, директорот за финансии и шефот за правни прашања и политика.

Маск, исто така, го распушти одборот на директори на Твитер и се назначи себеси за единствен член на одборот, беше откриено вчера по поднесените документи до Комисијата за хартии од вредност. Маск подоцна во твит рече дека распуштањето на одборот било „само привремено“.

Маск ја смени и својата биографија на Твитер во „Chief Twit“, алудирајќи на неговата нова улога.

Компанијата имаше повеќе од 7.000 вработени на крајот на 2021 година, според регулаторното поднесување, а една четвртина од бројот на вработени изнесува речиси 2.000 вработени.

Извештаите дека Маск планира да намали значителни делови од работната сила на компанијата за социјалните медиуми се вртат со недели. „Вашингтон пост“ претходно објави дека Маск им рекол на потенцијалните инвеститори дека планира да елиминира речиси 75 отсто од персоналот на Твитер во обид да си поврати дел од сумата што ја плати при купувањето на компанијата.

Извор: Гардијан

Илон Маск Твитер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.