Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за „BBC“: Европската Унија не е целосна без Западен Балкан

0
By Соња Крамарска on November 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2022 15:00

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „HardTalk“ на BBC, со Стивен Сакр разговараше за почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, регионалната соработката и важноста на интеграција на Западен Балкан во ЕУ, последиците од воената агресија врз Украина како и светската енергетска криза.

„На Европската Унија ѝ треба Северна Македонија, ѝ треба целиот Западен Балкан да биде дел од Европската Унија. Со новата геостратешка ситуација што ја имаме во Европа и по инвазијата на Русија врз Украина и по сите безбедносни, енергетски и економски предизвици што се појавија во Европа, јасно е и потврдено од сите лидери во Европа, почнувајќи од претседателот Макрон, канцеларот Шолц, претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен, дека Европската Унија не е целосна без Западен Балкан, без Северна Македонија, без Албанија, без Црна Гора и сите други земји“, вели Ковачевски во интервјуто.

„Северна Македонија веројатно ја донесе најтешката и најмачната одлука во споредба со секоја друга земја што се приклучила кон ЕУ или ќе се приклучи кон ЕУ. Да не заборавиме дека во текот на овие седумнаесет години ние не можевме да напредуваме по европскиот пат поради билатерални или регионални прашања. На Балканот има многу, како што ги викам јас, идентитетски прашања. Босна и Херцеговина, Косово, целиот регион, она што се случило во изминативе триесет години, по распадот на Југославија, па дури и денес ако погледнеме што се случува со Украина и тоа е идентитетско прашање. Северна Македонија докажа дека може да има одржливи решенија за идентитетските прашања. Ние ја донесовме таа тешка одлука, во право сте, го променивме името на земјата за да станеме членка на НАТО и да напредуваме на патот кон европска интеграција. Исто така, постигнавме договор со нашите соседи, со Бугарија, а тоа исто така беше тешка одлука“, додава тој.

 

Димитар Ковачевски интервју за Би-Би-Си
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.