Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Македонија нема многу политички династии, има лекарски, има и бизнис династии, и затоа отсекогаш беше чудно што синот на претседателот Киро Глигоров, Владимир Глигоров во својата плодна научна и делумна политичка кариера, никогаш не го користеше името на својот татко чија политичка популарност ги надминуваше границите на Македонија. Веста за смртта на „младиот“ Глигоров чиј живот заврши вчера на 78 години, во Скопје беше дочекана со невообичаена рамнодушност, па дури од некои кругови со малициозно потсетување дека Владимир Глигоров никогаш не и припаѓал на Македонија, туку повеќе на Србија. Кај нас каде што стана практика да се користат врски и…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави продажбата на Твитер на технолошкиот милијардер Илон Маск, велејќи дека е задоволен што „сега е во добри раце“. „Многу сум среќен што Твитер сега е во здрави раце и нема да биде управуван од радикални левичарски лудаци и манијаци кои навистина ја мразат нашата земја“, порача Трамп на својата социјална платформа „Вистина“. Маск по купувањето на Твитер вети дека ќе го намали модерирањето на содржините на минимум, а според првите прогнози се очекува тој повторно да му го расчисти патот на Доналд Трамп до Твитер откако платформата му го укина профилот по нередите…
Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, е „насилно нападнат“ во неговиот дом во Сан Франциско, соопштија од Демократската партија на САД. „Напаѓачот е во притвор, а во тек е истрага за мотивите за нападот. Господин Пелоси е превезен во болница, каде добива исклучителна медицинска нега и се очекува дека целосно ќе се опорави“, се наведува во соопштението од канцеларијата на канцеларијата на Ненси Пелоси. Пол Пелоси (82) бил нападнат по провалата што се случила утрово во нивниот заеднички дом во Калифорнија. Во моментот на нападот, Ненси Пелоси не била дома.
Договорот за жито меѓу ОН, Москва и Киев е на 120 дена и ќе биде на сила до 19 ноември. Ги прецизира условите за извоз на жито од украинските пристаништа блокирани од војната што Русија ја започна во февруари. Ова овозможи речиси 9 милиони тони жито да ги напуштат овие пристаништа и ја ублажи глобалната криза со храна предизвикана од инвазијата. Но, неизвесноста околу тоа дали договорот ќе биде обновен веќе доведе до зголемување на некои цени на храната. За време на неговата посета на Отава, Канада, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: „Идејата дека Русија сега ќе каже дека…
Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во Струга беше спроведена акција во која едно лице е лишено од слобода. Акцијата е резултат на меѓународна соработка со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија. Денеска предметниот јавен обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,…
„Паднаа лагите на сите кои со молотови коктели и со викање протестираа пред Собранието и пред Владата. Паднаа лагите на сите кои со вувузели внатре во Собранието го попречуваа носењето на заклучоци за отпочнување на преговорите со ЕУ. Токму во тие заклучоци имаше обврска за Владата при потпишување на Договорот Фронтекс македонскиот јазик да биде без додавки“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5. Тој додаде дека вчера токму тоа се случи, а најдобра потврда беше и обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на македонски јазик на социјалните мрежи. „Фон дер Лајен изрази голема…
„Уставните измени не се прашање на изјава, туку на процедура во која ќе бидат вклучени сите политички чинители и експерти и од позиција и од опозиција. Сите тие ќе имаат различни видувања на уставните измени, во однос на тоа што треба да се унапреди. Ние ќе разговараме, но треба да имаме пред нас визија за што ги правиме уставните измени“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5. Тој додаде дека овие уставни измени се прават за побрзо продолжување на патот кон ЕУ, на веќе почнатите преговори, се со цел Северна Македонија до 2030 година да стане членка на…
Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, лажните дојави за бомби се во најмала рака монструозен чин. Тој вели дека овој чин веројатно е дел од хибридните напади на кои сме изложени како држава. „Ќе се анализира дали причините се политички, геостратешки или пак бизнис интереси. Протоколите налагаат вакво постапување, мора да се направи контрола, исто како и за дојавите во автобусите на ЈСП, кои го блокираа јавниот превоз во градот“, рече Спасовски во гостувањето во „Вин-вин“ на Телма. Спасовски додаде дека во оваа фаза МВР ги знае мејловите и знае од каде се пратени. „Затоа напорно работиме заедно со…
Секој викенд стотици бугарски граѓани од регионот на Благоевград, Петрич и Ќустендил патуваат кај нашиот југозападен сосед, комбинирајќи кратко семејно патување и шопинг. Иако цените на основните прехранбени производи таму пораснаа прилично во последните месеци, тие сепак остануваат поевтини од стоките на бугарскиот пазар. Леб и јогурт – еве што најчесто купуваат пензионерите во една од дуќаните во Благоевградското село Селиште. Цените на сите производи се зголемени за 10, 20, па и 40 отсто, а платите и пензиите воопшто не растат со овие стапки. Димитрина Урдарска со 79 години се уште работи за да може да се справи со сметките…
Денеска (27.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, објави пред малку МВР. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението.
Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува. Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок, треба да бидат санкционирани, и за тоа никој никогаш не добил заштита, ниту од мене, ниту од кој било член на Владата, бидејќи се што е предвидено согласно со закон треба да биде изречено како…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува најстроги казни за сторителите кои вчера предизвикаа паника и страв во осум скопски училишта откако испратија мејлови со закани за поставени бомби. Полициската проверка која течеше во овие средни училишта откри дека станува збор за лажна закана. Во текот на попладневните часови, пред почетокот на втората смена во неколку скопски гимназии и средни стручни училишта на мејл им пристигнала заканувачка порака. Спасовски денеска информираше дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта е во тек. „Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и…