Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè повеќе Бугари одат на пазарење во Македонија поради пониските цени

0
By Соња Крамарска on October 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 27, 2022 15:14

Секој викенд стотици бугарски граѓани од регионот на Благоевград, Петрич и Ќустендил патуваат кај нашиот југозападен сосед, комбинирајќи кратко семејно патување и шопинг. Иако цените на основните прехранбени производи таму пораснаа прилично во последните месеци, тие сепак остануваат поевтини од стоките на бугарскиот пазар.

Леб и јогурт – еве што најчесто купуваат пензионерите во една од дуќаните во Благоевградското село Селиште. Цените на сите производи се зголемени за 10, 20, па и 40 отсто, а платите и пензиите воопшто не растат со овие стапки.

Димитрина Урдарска со 79 години се уште работи за да може да се справи со сметките и месечните трошоци.

„Во сè има пораст. Цените растат секој ден. На пензионерите им е многу тешко, повеќето гледаат домашно производство и слично. Не можат да си дозволат едно кафе и повеќе“, вели таа.

Килограм кашкавал чини повеќе од 20 лева во продавницата во Селиште. Неговата цена е за околу 3 лева пониска во продавниците во градот Делчево, во соседна Северна Македонија. Борис Русенов често патува од Благоевград кај нашиот западен сосед за да шета и пазари.

„Отидов на стоматолог таму, и додека бев на забар пробав некои од македонските производи, да, тие се многу поевтини од нашите, но најмногу ме импресионираше квалитетот – вистинско месо, вистинско сирење, имам и мало дете, кое исто така го земам од таму и патувам речиси секоја недела. Јас и сопругата одиме таму на вечера, само го сакаме квалитетот на храната“, објасни тој.

Делчево е на 40 км од Благоевград. Потребно е помалку од еден час за да се стигне до таму, но во последните недели во сабота имаше голем сообраќаен метеж на границата. Иако и таму се зголемени цените на основните производи, сепак тие се за 10-20 отсто поевтини од овде.

„Таму купувам и ориз, леќа, грав. На син ми му купувам месо, кашкавал, шунка затоа што тоа е, пак велам, вистинско месо. Таму генерално се нуди сирење, но има неколку видови што можете изберете. И нивното сирење е многу добро, правиме пица, на пример, со нашето сирење што го купивме овде и со сирење од Македонија, а одозгора се гледа мрсноста“, коментира Борис Руснеов.

Некои од туроператорите во регионот, покрај кратки тури до интересни места и знаменитости во соседните земји, нудат и шопинг патувања.

бугарски граѓани шопинг во Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.