Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот Димитар Ковачевски по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на Обединетите Арапски Емирати, оствари средба со шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е заменик претседател на државата, премиер и министер за одбрана. Ковачевски на средбата искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина. На состанокот се дискутирше за напорите кои Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза како и за важноста од поддршката од Фондовите за…
На денешната вонредна седница на градскиот Совет се усвои одлука да се пренаменат 133 милиони денари за да може да се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП. По ова, автобусите од јавниот превоз почнаа да возат низ градот откако утрово не излегоа од гаражите. Од ЈСП „Скопје“ потврдија дека автобусите попладнево повторно почнаа да сообраќаат на сите линии според возниот ред. Седницата, овојпат помина без меѓусебни обвинувања меѓу градоначалничката и советниците. Сите едногласно ја прифатија одлуката за пренамена на парите. Градоначалничката Данела Арсовска преходно побара сите заеднички да најдат начин како да се помогне претпријатието. „Ова е првпат во…
Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски даде изјава за медиумите во врска со грејната сезона за скопјани и Топланата Скопје Север. Тој најави дека ЕСМ ќе склучи нов договор за соработка со Топланата Скопје Север, цел граѓаните да имаат парно греење во делот на Скопје кој го покрива Топлана Скопје Север. За тој договор да биде функционален, Скопје Север ќе мора да ги испочитува сите обврски од договорот, а пред сé неговиот мнозински сопственик, Топлификација АД во стечај да го потпише договорот и Скопје Север да ги спроведе сите обврски кои не ги спроведе во текот на изминатата грејна сезона,…
Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска изјави дека иако е осомничена, таа вчера повторно се кандидирала за истата функција. Таа денеска даваше исказ во Обвинителството по пријавата на поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми, и на новинарите им кажа дека повторно би направила претрес во Финансова полиција, а денешниот распит го смета за притисок, со оглед на тоа што е осомничена и против неа има кривична пријава.
Пишува: Соња Крамарска Скопјани конечно добија бесплатно возење. Токму како што вети градоначалничката Данела Арсовска кога како кандидат за градоначалник им го ветуваше тоа на жителите на метрополата. И кога и ВМРО-ДПМНЕ ја носеше на раце до победничкиот трон, и застаа зад нејзините ветувања. Како изгледа денес бесплатниот превоз? Стануваш сабајле, одиш на автобуска станица, уредно чекаш, но автобус нема. Отвараш интернет да видиш кога ќе дојде автобусот, а таму соопштение од градоначалничката. Затвораш, чекаш. По пет минути пак гледаш во телефонот каков е распоредот на автобусите, и наместо тоа се појавува соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Па, доаѓа…. но не…
И третиот обид за избор на претседател на бугарскиот Парламент е неуспешен. По долга пауза – од среда попладне до четврток наутро пратениците повторно гласаа, но сепак не постигнаа консензус. По гласањето, привремениот спикер Вежди Рашидов им даде едночасовна пауза на бугарските парламентарци и истакна дека по паузата ќе ја имаат последната шанса да го изберат првиот човек на парламентот. За функцијата има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија „Продолжуваме со промената“ ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев.…
Бугарското Министерство за надворешни работи одговори на нотата што ја испрати македонското МНР по повод говорот на омраза на нивниот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски, јави Дојче Веле. „Бугарија секогаш се стремела кон зајакнување и продлабочување на пријателството и добрососедството во односите со Северна Македонија. Бугарската држава инвестира многу напори за реализирање на таа цел во последните години“, се вели во ставот на бугарското МНР. „Во таа насока, МНР одново потенцира дека секакви јавни изјави кои ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие не ја претставуваат официјалната позиција на бугарската држава, и обиди да бидат претставени…
Градот Скопје уште во текот на вчерашниот ден, а веднаш по завршување на вонредната седница на Советот на град Скопје изготви одлука за пренамена на средства со кои ќе се исплати септемвриската плата на вработените во ЈСП Скопје, соопшти Град Скопје во врска со денешното продолжување на штрајкот на ЈСП кој почна вчера. „Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 во текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, денес,…
Од утринава, дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк, соопшти јавното сообраќајно претпријатие. „Овие дваесетина лица немаат штрајкувачки одбор, ниту пак имаат пријавено редовен штрајк. Дури и во случај да го имаа редовно пријавено штрајкот, истите согласно Законот за јавни претпријатија мораат да обезбедат редовно функционирање на претпријатието додека трае штрајкот“, се вели во реакцијата. Поради ова, Град Скопје како што се најавува, ќе ги почитува законските мерки и…
Американскиот претседател Џо Бајден ги оквалификува руските напади врз украински цивили како знак на слабост од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА. „Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација“, рече Бајден. „Рускиот лидер „се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање. Во Велика Британија, началникот на генералштабот на британските вооружени сили, Тони Радакин ја осуди нуклеарната реторика на рускиот претседател како „крајно неодговорна“ и ја повика меѓународната заедница да остане обединета во својата опозиција. „На Путин не му останаа многу опции.…
Ако до крајот на годината градоначалничката на Скопје Данела Арсовска испрати одговор до ЕБОР дека го откажува проектот Бас Рапид Транспорт, ќе ги задолжи граѓаните со 890.000 евра за трошоци и камати за кредитот. Освен што им ја укина можноста на скопјани да се обидат до 2024 година да добијат две линии на еколошко автобуско метро со капацитет да превезува 65.000 патници на ден, што ќе придонесе да се намали аерозагадувањето, градоначалничката Арсовска не одговорила досега јавно што ќе се случи со заемот од 70 милиони евра на ЕБОР за Бас Рапид Транспорт кои „легнаа“ во Министерството за финансии. Според…
Европската унија собра „докази“ кои покажуваат дека Иран ги испорачувал беспилотните летала што ги користи Русија против Украина и подготвува санкции против Техеран, изјави портпаролката на Унијата. „Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст“, рече Набила Масрали, портпаролка на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата, изјави дипломатски извор. Иран негира дека и испорачувал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала камикази дронови на 17…