Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На скопјани им виси долг од речиси еден милион евра – одговорот е кај градоначалничката Арсовска

0
By Соња Крамарска on October 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2022 16:52

Ако до крајот на годината градоначалничката на Скопје Данела Арсовска испрати одговор до ЕБОР дека го откажува проектот Бас Рапид Транспорт, ќе ги задолжи граѓаните со 890.000 евра за трошоци и камати за кредитот.

Освен што им ја укина можноста на скопјани да се обидат до 2024 година да добијат две линии на еколошко автобуско метро со капацитет да превезува 65.000 патници на ден, што ќе придонесе да се намали аерозагадувањето, градоначалничката Арсовска не одговорила досега јавно што ќе се случи со заемот од 70 милиони евра на ЕБОР за Бас Рапид Транспорт кои „легнаа“ во Министерството за финансии.

Според договорот со ЕБОР првата транша од кредитот требаше да биде повлечена во октомври минатата, 2021 година, и со тоа заемот ќе се активираше за да се реализира според ставките од планот за  реализација на БРТ со соодветни суми за секоја позиција.

Она што се навестува и станува сосема извесно, бидејќи проектот е запрен, односно не ни почна да  реализира, соодветно на клаузулите од договорот, започнаа да течат трошоците за кредитот и каматата од 0,5 отсто годишно и доколку градоначалничката Арсовска или ЕБОР го поништат договорот, овие трошоци до крајот на оваа година можат да достигнат до 890.000 еввра.

Од Министерството за финансии потврдија дека градоначалничката Арсовска и понатаму ги игнорира и не им одгововара што планира да прави со овој проект и со одобрените стедства за финансиска поддршка за реализација на БРТ.

Од добро упатени извори имаме информација дека Арсовска се јавувала во ЕБОР со намера да добие одобрение кредитот за БРТ да го пренамени за набавка на дел од 250-те автобуси што ги вети, но дека од таму добила одговор дека станува за специјален, наменски кредит под поволни услови одобрен токму затоа што еколошкиот трамвај на тркала е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.

И додека Арсовска уште молчи по ова прашање, парите си работат, односно ЕБОР ќе си го наплати трошокот и „лежарината“ за кредитот. Колку повеќе ќе се одлага, толку повисоки ќе бидат трошоците што на крајот ќе ги платат граѓаните.

БТР Данела Арсовска долг за скопјани ЕБОР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.