Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Чаир и Бутел ќе има парно греење, вели директорот на ЕСМ Ковачевски

0
By Соња Крамарска on October 20, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 20, 2022 15:00

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски даде изјава за медиумите во врска со грејната сезона за скопјани и Топланата Скопје Север.

Тој најави дека ЕСМ ќе склучи нов договор за соработка со Топланата Скопје Север, цел граѓаните да имаат парно греење во делот на Скопје кој го покрива Топлана Скопје Север.

За тој договор да биде функционален, Скопје Север ќе мора да ги испочитува сите обврски од договорот, а пред сé неговиот мнозински сопственик, Топлификација АД во стечај да го потпише договорот и Скопје Север да ги спроведе сите обврски кои не ги спроведе во текот на изминатата грејна сезона, по претходниот договор, рече Ковачевски.

„Јавноста мора да знае, дека АД Скопје Север и неговиот мнозински акционер, Топлификација АД во стечај, воопшто не соработуваа со АД ЕСМ во изминатава година и  ние наидовме на многу препреки и тешкотии да го заштитиме државниот капитал и државните средства кои ги вложивме за гас за Скопје Север, како и препреки во почитувањето и спроведувањето на неопходните процедури“, изјави директорот на ЕСМ.

Тој тврди дека се попречувал пристапот на нивниот прокурист чија улога е да има пристап и увид во целокупното работење и таму да го претставува ЕСМ.

„Нашиот прокурист никогаш не беше впишан во Централен регистар, овластеното лице никогаш не го врза потписот со потписот на прокуристот и за други исплати покрај од наменската, а имаа таква обврска  и Скопје  Север  не испраќаше секојдневен извештај до прокуристот за извршените плаќања во претходниот ден, што и каде платиле. Стечајниот управник на Топлификација АД во стечај како сопственик на Север одби да го потпише договорот, одбија да дадат гаранција за средствата и не издадоа меница за обезбедување на средствата“, обвини Ковачевски.

Тој додаде и дека Топланата не доставувала извештај до АД ЕСМ за порамнување за финансиската помош за сметките за домаќинствата, како што нагласи, за разлика како што нагласи од трите Друштва на БЕГ кои соработувале во изминатата грејна сезона и дале пристап заувид и контрола за секој исплатен денар.

„Ништо или многу малку се постигна на полето на обезбедување соработка. И до денес е така. Значи, државните пари дадени во Скопје Север висат, не се соодветно заштитени. За минатата грејна сезона, односно за половина сезона, јануари, февруари, март и април 2022, ЕСМ исплати за Скопје Север 26 милиони денари, или 425 илјади евра за гас“, рече директорот Ковачевски.

Тој дополни дека по првите сознанија од тоа што јавно го кажуваат од Скопје Север, за оваа грејна сезона најверојатно ќе стане збор за сума од околу 60 милиони денари, односни 1 милион евра за гас и дополнително ако има потреба за други намени, тоа ќе треба да се утврди.

Ковачевски рече и дека средствата од минатата грејна сезона до денес, не се вратени на ЕСМ, иако Скопје Север потпиша обврска да ги врати. „Гасот им беше доставен, тие испорачаа греење, ги наплатија сметките од потрошувачите, но средства кон ЕСМ сé уште не се исплатени“, истакна тој.

Но и покрај тие перипетии, Ковачевски тврди дека парното греење нема да биде загрозено.„Потрошувачите во дел од градот Скопје, односно дел во Чаир и Бутел, да бидат спокојни, парно греење ќе имаат“, рече тој.

Васко Ковачевски парно греење за Чаир и Бутел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.