Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Пет дена по официјалното отворање на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, во тамошната полиција е пријавено оштетување на таблата на која е испишано името на спорниот бугарски цар од периодот на Втората светска војна. Од СВР Охрид потврдуваат дека е оштетен дел од информативната табла, а на самото место увид изврши полициска екипа и се работи на расветлување на случајот. Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ беше отворен во петокот, во напната атмосфера додека група граѓани изразија незадоволство против отворањето на клуб со контроверзно име. Демонстрантите извикуваа разни пароли и врз клубот фрлаа со јајца и камења, но…
Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Министерот, посочи дека во најбрзо можно време ќе почнат со печатење на учебниците за тие кои се одобрени од Националниот совет. „Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И гледам позитивна енергија во тоа. Ние се подготвуваме и Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен“, рече Шаќири по отворањето на тркалезната маса…
Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 41. Скопски џез фестивал, вечер во Кино Фросина, со почеток во 20 часот, ќе биде премиерно прикажан музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“. Станува збор за филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кој претставува дел музички филм, дел историски запис – посветен на еден епски настан што ја прослави афроамериканската историја, култура и мода. Во текот на шест недели во летото 1969 година, на само сто милји јужно од Вудсток, беше одржан и снимен The Harlem Cultural Festival во паркот „Маунт Морис“…
Руските војници изминатиот ден убија шест жители на регионот Доњецк, седум цивили загинаа во непријателско гранатирање на регионот Запорожје, додека во руските напади на Никопол едно дете е тешко повредено. „На 11 октомври Русите убиле шест цивили во регионот на Доњецк: четворица – во Лиман и двајца – во Терни. Уште едно лице е повредено“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк, пренесува Укринформ. Во моментов, невозможно е да се утврди точниот број на загинатите и повредените во Мариупол и Волноваха, истакна Кириленко. Како што известува Генералштабот на вооружените сили на Украина, Русите се обидуваат да…
Околу 477 китови загинаа откако се насукаа на две оддалечени плажи во Нов Зеланд. Ниту еден од насуканите китови не можеше да се преврти и да отплови назад во водата и сите или умреа природно или беа убиени за да им се скратат маките, рече Дарен Гровер, генерален директор на Проектот Џона, непрофитна група која помага во спасувањето на китовите. Китовите океанот ги исфрлил на островите Чатам, со население од околу 600 луѓе, лоцирани 800 километри источно од главните острови на Нов Зеланд. Одделот за конзервација соопшти дека 232 китови се насукале во петокот и уште 245 во понеделникот. Оваа…
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот. Премиерот Димитар Ковачевски, на официјалното отворање, порача дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили – се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата. „Да не се отвореше оваа компанија сите млади кои се тука вработени ќе требаше…
Илон Маск ги демантираше информациите дека разговарал со Владимир Путин пред да објави анкета на Твитер со неговите предлози за ставање крај на руската инвазија на Украина. Иан Бремер, шеф на консултантската компанија за политички ризици Евроазија Груп, тврди дека Маск лично му кажал за разговорот со Путин. Бремер напиша дека Маск му рекол дека рускиот претседател е „подготвен да преговара“, но само ако Крим остане под руска контрола, ако Украина прифати форма на постојана неутралност и ако Киев ја признае руската анексија на Луганск и Доњецк, Керсон и Запорожје. Бремер рече и дека шефот на SpaceX му рекол дека…
Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи собраниска седница за негов избор. Од кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на чело на овој ресор откако досегашниот министер Горан Милевски поднесе оставка. Во Собранието денеска се одржуваат средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности. Засега на веб страницата на Парламентот за денеска се закажани две…
Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето во северна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата Делси Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи, и вети дека неговата влада „ќе го обнови овој прекрасен регион“. Уништени се повеќе од 300 домови, а стотици други беа оштетени. Обилните дождови кои ги донесе бурата Јулија, која минатиот викенд ја погоди Никарагва како ураган, предизвикаа излевање на неколку реки, изјави Родригез. Лас Техеријас, со околу 50.000 жители, се наоѓа на важна индустриска оска во…
Новиот проект за течен природен гас во близина на западниот брег на Африка можеби е завршен само 80 отсто, но изгледите за нов извор на енергија ги привлекоа лидерите на Полска и Германија кои дојдоа во посета. Полето во близина на бреговите на Сенегал и Мавританија се очекува да содржи околу 425 милијарди кубни метри гас, што е пет пати повеќе од она што Германија која е зависна од гас го користела во цела 2019 година. Но, производството не се очекува да започне до крајот на следната година. Сепак тоа нема да помогне да се реши енергетската криза во Европа,…
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју на 24 Анализа, во однос на антикризните мерки од 350 милиони евра за заштита на животниот стандард рече дека субвенциите наменети за ранливите категории, согласно планираното е да се исплаќаат од ноември. „Дел од мерките се однесуваат на исплата на еднократна, односно на неколку месечна финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, а тука пред сè мислам на 41.878 лица кои ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари односно четири месеци по 3.000 денари, потоа поддршката за пензионерите до 11.525 денари и до 14.000 денари. Денес на Влада донесовме одлука да се подготви Закон за…
Денеска по повод големиот македонски празник 11 Октомври пристигнаа бројни честитки од државниот и политичкиот врв на земјава. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна на слободата, правдата, прогресот борејќи се за слободарскиот идеал и мир. „Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме вечно благодарни. Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот…