Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека Ер тракторот полета за гасење на пожарот во беровско. „По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила“, велат од ДЗС. Од ДЗС велат дека и вториот ер-трактор е поправен во Португалија, и се чека да биде донесен во земјава. Во гаснење на пожарот од рано утринава вклучен е и хеликоптер на МВР. (Р.Н.)
Децениската голгота низ судските лавиринти во земјава на охридските правнички Соња Талевска и Татјана Трпческа, епилогот го доби пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пишува порталот Охрид Њуз. Европскиот суд, како што пишува порталот во опширната сторија, во пресудата од 28 јуни утврдил повреда на правото на фер и правично судење пред Апелацискиотсуд Битола, во врска со судската постапка која Талевска и Трпческа ја почнале уште во почетокот на 2012 година пред домашните судови, за заверка на нивниот работен однос во Основен суд Охрид, како судски службеници, а врз основа на добиени правосилни решенија за вработување, кои тужениот…
Околу 20 автомобили утринава се демолирани во катната гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“. На автомобилите како што јави „Фокус“ им се скршени стаклата на предни и задни шофершајбни, а уништени им се и вратите. Се уште не е позната причината за овој вандалски чин. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека добиле пријава за случката. „На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место се излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР. (Р.Н.)
Еден полициски хеликоптер од изутрината интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, наведувајќи дека хеликоптерот од воздух почнал да дејствува од 5 часот. „Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово“, изјави Ангелов кој посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово. Претходно, командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот било спречено ширење на огнот кон боровата шума и бил направен обрач околу огнот. Првично беа…
Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Во пожарот изгореле околу 100 мали свињи, а биле спасени осум мајки свињи и околу 100 мали свињи. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека пожарот се случил синоќа во 21:30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила. Засега не се знае која е причината за настанатиот пожар. На терен ќе излезе полициска екипа за да се утврди како настанал пожарот. (Р.Н.)
Интензивно се гасне пожарот и од земја и од воздух меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Командирот на Противпожарната единица од Берово, Сашко Руменковски вели дека уште рано наутро почнале хеликоптерите да исфрлаат вода од воздух, со што е спречено да се шири огнот кон боровата шума. Тој посочи дека пристигнуваат и колеги пожарникари и доброволци од соседните градови и од цела држава. Руменковски вели дека сега е направен обрач и не е дозволено да се шири огнот. (Р.Н.)
Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Gipsy Queen“. Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потисна поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од Netflix, е прва премиера во земјава. Филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот…
Епидемиолошката состоjба во државата е стабилна и засега нема да има дополнителни превентивни мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона и дека за сега нема потреба од дополнителни нови мерки. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Бројот на активни случаи изнесува 3.838, откако вчера беа регистрирани 788 нови случаи со КОВИД-19, што…
Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција. Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро упаднаа во комплексот Алемао, во рамки на акцијата против организирани криминални групи, осомничени за повеќе кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови, се наведува во соопштението. Според полицијата, најмалку 18 лица загинаа во рацијата, од кои еден полицаец, 16 осомничени криминалци и една жена која се нашла во близина. Во операцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири летала и 10 оклопни…
Инфлацијата во Босна и Херцеговина се зголеми на 16,8 отсто во јуни 2022 година, достигнувајќи го највисокото ниво досега, покажуваат податоците на Федералната агенција за статистика. Во споредба со мај, потрошувачките цени во БиХ се зголемени во просек за 1,7 отсто, пишува Klix.ba. Најголем раст е забележан кај цените на превозот од 5,1 отсто, потоа домувањето, водата, струјата, гасот и другите енергетски производи за 3,9 отсто, мебелот, апаратите за домаќинство и редовното одржување на домот (2,4 отсто), рестораните и хотелите (1,7 отсто), алкохолни пијалоци и тутун (1,2отсто), рекреација и култура (0,95 отсто) и храна и безалкохолни пијалоци (0,4 отсто). Останатите…
Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состана вчера за да разговара дали да се прогласат мајмунските сипаници за глобална криза, јави ДПА. Тоа е втор состанок на комисијата во рок од неколку недели. Некои научници нагласија дека впечатливите разлики помеѓу епидемиите во Африка и оние во развиените земји ќе го комплицираат секој координиран одговор. Африканските власти рекоа дека веќе ја третираат епидемијата на континентот како „вонредна состојба“. Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на состанокот на комисијата за вонредни состојби изјави дека останува загрижен за бројот на регистрирани случаи на зараза во…
„Унилатералната изјава на Република Северна Македонија претставена на првата Меѓувладина конференција е еднострана изјава чија првенствена цел е да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јазик, без какви било објаснувања, додавки или фусноти, во документи на Советот на Европската унија“, соопшти денес МНР по бројните реакции во домашната јавност околу текстот на Изјавата. Во таа функција, велат од МНР, со оваа изјава се соопштува нашата позиција, пропишана во Уставот за македонскиот јазик како службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи. Во објаснувањето на Министерството се додава дека Изјавата содржи…