Околу 20 автомобили утринава се демолирани во катната гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“.

На автомобилите како што јави „Фокус“ им се скршени стаклата на предни и задни шофершајбни, а уништени им се и вратите.

Се уште не е позната причината за овој вандалски чин.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека добиле пријава за случката.

„На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место се излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР. (Р.Н.)