Author: Соња Крамарска

Посмртните останки на Ивана Трамп беа пренесени од Њујорк во голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Њу Џерси, откако нивните деца и оддадоа почит на нивната мајка за која рекоа дека била „олицетворение на американскиот сон“. Трите деца на Ивана – Доналд Трамп Џуниор, Ерик и Иванка – сите зборуваа на богослужбата во црквата Сент Винсент Ферер на Апер Ист Сајд пред 100-тина присутни меѓу кои екс претседателот на САД Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија и нивниот 16-годишен син Барон.

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска негираше дека референдумот кој ќе го покренат е за вметнувањето на Бугарите во Уставот туку вели дека нивен фокус е делот од преговарачката рамка за билатералниот договор меѓу Македонија и Бугарија. „Ние немаме намера да се фокусираме преку референдумското изјаснување за измените на Уставот, затоа што тоа се три различни процеси. Имаме билатерален договор, протоколот е дел од тој билатерален договор каде што има историја, култура. Вториот процес, којшто е независен од првиот, е промената на Уставот и вметнувањето на Бугарите во преамбулата. Третиот процес, којшто зависи од вториот процес, а тоа е усвојување…

Read More

Според првичните информации едно лице е загинато, тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште. Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути. Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за извлекување на повредените од автомобилите. Како што информираат од Автомото сојузот, затворен е патот меѓу селата Долни Балван и Крупиште и сообраќајот се одвива по другите алтернативни патишта. (Р.Н.)

Read More

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Тетово, поради „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, против М.М.(46) од Тетово, поради „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ при кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Р.И.(46) од Тетово, поради „помагање“ при кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „непријавување кривично дело или сторител“. Првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање на полномошно со кое второпријавениот…

Read More

По објавувањето на Унилатералната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција, во јавноста денес е пуштен таканаречен „Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката“. Како причина за овој потег, како што се наведува, е изоставеноста на значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се „изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик“, велат тие. „Ние, младите македонисти, должни сме да застанеме во одбрана на научната вистина и македонистиката и да не дозволиме да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт…

Read More

„Ние ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо“, рече денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово и Ростуше. Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за избор на нов општински совет. „Исто така имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за совет кои што исто така ќе се случат на 20-ти…

Read More

Поради силниот ветар со брзина од 100 километри на час, чадот од пожарот во близина на Атина, стигнал на далечина и до 400 километри, односно речиси до островот Крит, според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, кои објавија оптичката сателитска снимка од европскиот сателит Метеосат-11, јави дописничката на МИА од Атина. Обработената снимка покажува дека рано утрово чадот од шумскиот пожар бил пренесен од силните северно- североисточни ветрови на најмалку 400 километри јужно и југозападно кон морето во близина на островот Китира и југозападниот морски дел кај Крит. Според мерењата на Метео и Националната опсерваторија во Атина во текот…

Read More

Министерот за здравство Беким Сали денес на прес-конференцијата околу случајот со Клиничката болница Жан Митрев информираше дека во болницата биле извршени три редовни и шест вонредни инспекциски надзори. Во моментов се одвива, рече тој, работен состанок со Малмед и претставници  од клиниката Жан Митрев околу тврдењата за клинички испитувања врз пациенти и дали тие се вршени согласно важечки прописи. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова појасни дека трите од инспекциските надзори биле редовни а девет биле вонредни. „За овие девет во болницата Жан Митрев, пет се сомнеж за лекување вон протокол. Тоа се за пациенти…

Read More

Владејачката СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и го повика МВР да го расчистат случајот. МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите, велат од партијата. Од СДСМ велат дека го осудуваат овој криминален чин и повикаа на одговорност, а очекуваат јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите. „Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува било кој“, додаваат од партијата.

Read More

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп изврши увид на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието, сооопшти Обвинителството. По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​ Возилото  на пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ било паркирано до неговата семејна куќа во Прилеп. За палењето на автомобилот утрово реагираше и неговиот колега, пратеникот…

Read More

Не можеме да зборуваме за признавање или непризнавање на јазик, бидејќи во меѓународното право не може да има признавање на јазик, бидејќи тој е нешто живо, се развива и не може да се поправи, коментира поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Ивајло Калфин за БНР во врска со македонскиот јазик и неговото непризнавање од Бугарија. Според него, Бугарија има право да изрази национален став по ова прашање, но тоа е максимумот што може да се случи. Тој додаде дека ниту бугарскиот јазик никаде во странство не е признаен со експлицитна норма, а во Бугарија вели тој можеме да мислиме…

Read More

Британскиот премиер во оставка Борис Џонсон, од своите соработници денес доби подарок по повод збогувањето од неговата премиерска функција кое најверојатно ќе се случи на почетокот на септември. Подарокот се состои во 6-те тома книга на Винстон Черчил, Историја на Втората светска војна. Но со оглед дека Џонсон пишувал биографија на неговиот идол Черчил, тој најверојатно веќе и ја има историската едиција, коментираа политичките посматрачи. „Книгите од Черчил, херој на Џонсон, му беа подарени на премиерот од неговиот цел кабинет“, рече портпаролот на Даунинг стрит. Подарокот е за неговото служење на Велика Британија, додаде портпаролот. Со оглед дека почнува сезоната…

Read More