Author: Соња Крамарска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов, денеска на прес конференција во населеното место „Кисела Јабука“, го најавија започнувањето на градежната офанзива во Скопје, во чија прва фаза е предвидена реконструкцијата на над 20 општински улици во општината Ѓорче Петров. „Денеска започнуваме со реконструирање на повеќе од 20 улици во општина Ѓорче Петров. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Градот Скопје за оваа меѓуопштинска соработка одвојува…

Read More

Во заедничка операција во Германија и во Швајцарија беа уапсени наводни членови и поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“. Три лица се приведени синоќа во Швајцарија во кантоните Цирих, Сент Гален и Луцерн, информираше швајцарското Обвинителство, откако властите извршиле седум претреси. Тие се осомничени дека се членови или поддржувачи на забранетата терористичка организација „Исламска држава“, соопштија властите. Едно лице е уапсено во германскиот град Ремерберг, соопшти германското федерално Обвинителство. Уапсениот Алем Н. е осомничен за „подготвување акт на насилство, што може да ја загрози безбедноста на државата, а исто така и дека е член на странска терористичка организација“, се наведува во соопштението. Наводно,…

Read More

Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, денес повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски соопшти три причини поради што дошло до паѓање на таванот.„Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора. Како што се наведува, Мишел во вилата „Горица“ со највисоки воени и државни почести ќе го пречека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Разговорите ќе започнат со средба на двајцата претседатели во четири очи, која ќе продолжи во присуство на делегации. За време на престојот во Подгорица, Мишел ќе се сретне и со премиерот Дритан Абазовиќ и ќе има работен ручек со членовите на Владата.

Read More

Властите во главниот град на Кина, Пекинг, денеска преземаат мерки да ја спречат епидемијата на зараза со Ковид-19 што избувна во 24-часовен бар познат по ефтин алкохол и голем метеж, при што милиони се соочуваат со задолжително тестирање, а илјадници се во изолација. Избувнувањето на скоро 200 случаи поврзани со барот во центарот на градот кој штотуку повторно се отвори по минатонеделното олеснување на ограничувањата во Пекинг, покажува колку ќе биде тешко за Кина да успее во својата политика за нула-ковид, додека остатокот од светот одлучи да научи како да живее со вирусот. Повторното појавување на зараза со ковид, исто…

Read More

Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група. И ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари. Ќе се види на крајот кој каков е и што ќе биде. Ова го изјави Слави Трифонов на својот Фејсбук профил. „Нема потреба да бидам гатач за да знам дека Кирил и Асен во нивен стил ќе кажат многу лаги и измислици само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират својата грижа на совест“, рече Трифонов. „Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на Комисијата Марко Бислимоски. „Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар“, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на…

Read More

Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“. Во изминатите четири дена (9 до 12 јуни) се одржа четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката можеше бесплатно да погледне осум македонски филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови. Одбележувајќи го четвртотото издание на „Златна рамка“, ДФРМ ги додели и традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е…

Read More

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Северна Македонија и на Албанија и за влез во ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска, за двете балкански земји. Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times. Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Северна Македонија. Во мај, Европскиот парламент побара…

Read More

Од ден на ден, Русија го напаѓа регионот Донбас во Украина со немилосрдни артилериски и воздушни напади, правејќи бавен, но постојан напредок за да го заземе индустриското срце на својот сосед. Ако Русија победи во битката кај Донбас, тоа ќе значи дека Украина ја губи не само земјата, туку можеби и најголемиот дел од своите најспособни воени сили, отворајќи го патот за Москва да освои повеќе територии и да му диктира услови на Киев. Неуспехот на Русија може да ја постави основата за украинска контраофанзива – и веројатно да доведе до политички пресврт за Кремљ. По неуспешните обиди за заземање…

Read More

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“. „Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да дефинираме како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да се продолжат разговорите со Москва“, изјави Борел. Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и…

Read More

Полициски службеници од полициската станица на граничен премин „Богородица“ вчера ги привеле Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово поради криумчарење на мигранти. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед во возилото „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. „Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.

Read More