Author: Соња Крамарска

На 79-годишна возраст денеска во Тетово, почина Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот. Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Роден е во Тетово, во 1943 година. Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Во периодот од 1986 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на последниот Извршен совет на тогашна Социјалистичка Република Македонија. Во улога на премиер на преодната влада, тој ги подготви првите слободни и повеќепартиски избори.…

Read More

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов. Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините. Околу неа, претходниот пат се покрена лавина од прашина, кој и платил авионски билет и престој за натпреварот на македонската репрезентација на Светското првенство против Италија во Палермо. Друштво тогаш и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев. Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската…

Read More

Во пукање во близина на ноќен клуб во Тенеси, САД, рано утрово по локално време, загинаа тројца, а 14 лица се здобија со прострелни рани и други повреди, соопшти полицијата. Четиринаесет лица биле погодени од огнено оружје, а три биле удрени од возила додека се обидувале да побегнат од местото на настанот, изјави началничката на полицијата во Чатануга, Селест Марфи за време на прес-конференција. Две лица загинале од прострелни рани, а едно лице починало откако било удрено од возило, изјави Марфи. Шеснаесет од жртвите се возрасни, а една е малолетна. Полицијата верува дека станува збор за изолиран инцидент и дека…

Read More

Вооружени напаѓачи денес отворија оган врз верници и активираа експлозив во католичка црква во југозападна Нигерија, оставајќи повеќе десетици мртви, соопштија официјални државни претставници. Цел на напаѓачите била католичката црква Свети Фрањо во државата Ондо каде биле собрани верници по повод религиски празник. Меѓу загинатите има и многу деца. Властите веднаш не објавија официјален број на загинати. Од локалната власт велат дека најмалку 50 луѓе биле убиени, додека пак други, според Асошиетед Прес, наведуваат уште поголема бројка. Засега не е јасно кој стои зад нападот во црквата. Додека голем дел од Нигерија имаше проблем со безбедноста, Ондо е позната како една…

Read More

Европскиот комесар за надворешна и безбеднона политика Јозеп Борел денеска соопшти дека е позитивен на корона вирусот, но дека се чувствува добро. „Позитивен сум на Ковид-19“, објави Борел на Твитер пред еден час. „Во согласност со важечките правила и процедури, времето ќе го поминам во самоизолација“, додаде тој порачувајќи: „Се чувствувам добро“. (С.К.)

Read More

Во рамки на финалето на прославата на Платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабета која одбележува 70 години од нејзиното седнување на кралскиот престол, денеска низ улиците на Лондон се прошета Златната кралска кочија во која 26-годишната Елизабета била однесена на крунисување. За да биде доживувањето комплетно и за да се надомести отсуството на 96-годишната Kралица која по завчерашното појавување во јавноста повторно не се чувствува добро, во златната кочија денес се „возеше“ нејзиниот холограм на 26-годишна возраст, кој дури и им мавташе на насобраните луѓе. Златната кочија е стара 260 години и е едно од најзначајните богатства во кралската ризница. Во…

Read More

Во Црна Гора во моментов престојуваат 39 илјади гости, 74 отсто повеќе од лани, изјави министерот за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ и додаде дека според досегашните податоци се очекува успешна сезона. Ѓуровиќ за „Медиабиро“ изјави дека по фантастичната претсезона, сезоната започнала одлично, а доказ за тоа се и податоците на туристичките организации. „Велат дека имаме околу 39 илјади гости, што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани, а три отсто повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година. Добредојдовте во Црна Гора, ве очекуваме“, порача Ѓуровиќ. Тој рече…

Read More

Во пукотници загинаа три лица, а ранети се најмалку 11 во густо населена област во центарот на Филаделфија, соопштија властите. Полицајците патролирале кога слушнале повеќе истрели и биле сведоци на неколку осомничени како пукаат во голема толпа луѓе непосредно пред полноќ, изјави полицискиот инспектор на прес-конференција. Полицаец пукал во еден од осомничените од околу 9 метри, но не е јасно дали осомничениот бил погоден. Бидејќи е викенд имало стотици граѓани кога почнало пукањето. Двајца мажи и една жена се меѓу убиените во престрелката, соопшти полицијата. Нивните имиња се уште не се објавени. Портпаролот на универзитетската болница „Томас Џеферсон“ рече дека…

Read More

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во ексклузивно интервју за грчка То Вима, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ, објави порталот религија.мк. Архиепископот г. Стефан очекува дека тој Томос од Вселенската Патријаршија ќе го прифатат сите помесни православни цркви. Во интервјуто тој потенцира дека целта на МПЦ-Охридската Архиепископија не е да има експресни решенија што ќе ја постават црквата на половина пат, туку да има вистинска автокефалност призната од сите. „Во православното…

Read More

Сегашниот премиер Димитар Ковачевски и неговиот претходник Зоран Заев денес присуствуваа на централната прослава на 20 годишнината од формирањето на ДУИ во организација на партијата. Меѓу гостите беа и министрите од СДСМ Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи и Славица Грковска. На прославата беше пресечна огромна торта во чест на јубилејот, а партискиот лидер Али Ахмети одржа говор.

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги оцени позитивно експертските разговори со бугарската делегација предводена од министерката Теодора Генчовска, која вчера и денес престојуваше во работна посета на Македонија. „Имавме разговори во добра атмосфера и покрај инцидентот.  Мислам дека овие разговори создаваат услови за нивно интензивирање, со цел да се изнајде некое решение. Имаше добар прогрес во претставување и разбирањето на позициите на двете страни и сметам дека наредните денови ќе продолжи оваа комуникација во различен формат за тие размислувања да се обликуваат во конкретни предлози кои што треба да бидат основа за решение“, рече Османи. Мојот став е,…

Read More

Претседателот на Словенија, Борут Пахор за албанскиот портал „Албаниан пост“ денеска изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот. Тој истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европска Унија“. „Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ“, истакна Пахор. Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ“. Пахор потенцира дека ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна…

Read More