Author: Соња Крамарска

Преку бројот 112 за итни случаи, Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција побара од жителите на атинската населба Ано Вула во јужниот дел на градот да се евакуираат, поради големиот пожар што попладнево избувна во подножјето на планината Имито и брзо од една, се прошири кон друга населба, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално, огнените јазици стигнале до дел од домовите, гори една куќа, а освен испратената смс порака, претставници на противпожарната служба и на полицијата, одат од куќа до куќа и бараат од граѓаните да ги напуштат нивните домови. Во гаснењето на пожарот интервенираат 72…

Read More

Украинската волонтерска бригада ја објави смртта на четворица странски воени доброволци кои се бореле против руските сили и им оддаде почит на „нивната храброст, нивното сеќавање и наследство“. Меѓународната легија за одбрана на Украина, официјална волонтерска бригада, објави дека четворицата мажи биле од Германија, Холандија, Австралија и Франција. Тие не прецизираа кога и под кои околности дошло до смртта. „Ги загубивме нашите браќа во борба, но нивната храброст, нивното сеќавање и наследство засекогаш ќе не инспирираат“, објави Меѓународната легија. Холандскиот државјанин, Роналд Вогелаар, беше погребан на 21 мај во Харков, вториот град во Украина, според АФП. Колегите рекоа дека тој…

Read More

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски е огласен за виновен и е осуден на една година и шест месеци затвор, но казната му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело, изјавија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје. „По изведените докази и завршните зборови донесена е првостепена пресуда. Обвинетиот е прогласен за виновен и определена му е условна осуда“, велат од Судот. Вангеловски е осуден за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Read More

Лично сметам дека намалувањето на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборниот праг, како и отворените листи, имаат потенцијал да ја збогатат парламентарната дебата и да придонесат за намалување на поделбите меѓу граѓаните, рече претседателот Пендаровски во денешната дебата за изборните реформи што се одржува во организација на Институтот за европска политика – Скопје. Пендаровски рече и дека верува дека отворените листи ќе придонесат за зголемување на демократската политичка култура и поголем ангажман на граѓаните во политичкиот процес и ги повика, како што рече, оние кои во иднина ќе одлучуваат за промени во изборниот модел при разгледувањето на можните…

Read More

Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад „Трафалгар“, кој се наоѓа во близина на местото каде што подоцна ќе има прослава за одбележување на платинестата годишнина на кралицата Елизабета Втора. Набргу по евакуацијата, алармот бил укинат. „Инцидентот е завршен и плоштадот наскоро ќе биде отворен“, објави полицијата на Твитер. Претходно, денеска портпаролот на полицијата изјави дека се вршат увиди во областа. Во близина се наоѓа Бакингемската палата, пред која денеска ќе биде организиран концерт. Се претпоставува дека алармот бил вклучен поради сомнителен пакет.     

Read More

„Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“, соопшти Ковачевски. „Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“, рече Ковачевски.

Read More

Во периодот од 27 мај до 2 јуни со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 2.271 граѓанин, односно само за време на викендот (28 и 29 мај) 1.194 граѓани го посетиле Водно и ја користеле жичницата. Овој податок говори дека е голем бенефитот што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата. Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември  жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот.…

Read More

Пристигна соопштение за пожарот во бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. „На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, лоциран на улица „Рузвелтова“, по што веднаш пријавил и во територијалната против пожарна единица Битола. Огнот е локализиран од страна на противпожарната единица од Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување…

Read More

Почна состанокот на шефот на дипломатиите на Македонија и Бугарија, кој се одржува во Скопје. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на состанокот практично долета од САД каде што изминатите два дена ја предводеше македонската делегација на македонско-американскиот стратешки дијалог. Министерката Теодора Генчовска ќе биде во Македонија денес и утре. Во известувањето за нејзината посета не се соопштуваат посебни детали освен дека е тоа работна посета на покана на македонскиот колега Бујар Османи и дека средбата ќе биде во насока на продолжување на дијалогот за отворените билатерални прашања поврзани со имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Бугарски медиуми…

Read More

Четириесет и две годишен жител на Желино доби притвор откако беше приведен како учесник во сообраќајка во која удрил во соселанец и заминал, додека пешакот починал од здобиените повреди. Основниот суд Тетово вчера попладне на Д.Ф. (42) од тетовско Желино му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во затворот „Скопје” за издржување на мерката. „Осомничениот Д.Ф. се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираа од СВР Тетово. Во четвртокот во 20:20 часот на локалниот пат во Желино Д.Ф. со патничко моторно возило „БМВ“ удрил во 50-годишниот пешак З.С. од истото село.  Потоа го напуштил местото, а…

Read More

Палењето на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања, која започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. „Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“, вели таа.

Read More

По Министерството за надворешни работи, и претседателот Стево Пендаровски излезе со осуда на опожарувањето на влезната врата на просториите на културно-информативниот центар „Иван Михаилов“ во Битола. „Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, порача Пендаровски.

Read More