Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во среда, со почеток во 20 часот во големата сала на Филхармонија пијанистот Дино Имери ќе одржи. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти. Настапувал во Австрија, Италија, Франција, Хрватска, Србија, Бугарија (гостувал рекордни пет…
Претседателката на работната група за уставните измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по Деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок. „Го разгледувавме Деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница“, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот. Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече дека не би шпекулирала со време. „Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да…
Министерот за правда Кренар Лога со писмо ја информира меѓународната заедница за неспроведувањето на пресудите на ЕСЧП од страна на Бугарија. Лога испрати дописи до амбасадата на САД во Скопје, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија. Во дописот кој е испратен заедно со 14-те пресуди, е посочено дека Министерството за правда бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и заштитата на човековите права. Исполнувањето на оваа цел подразбира постоење на континуирана заложба…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“. „Магна Интернационал“ е реномирана светска компанија, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај…
Македонската берза на електрична енергија официјално стартуваше со работа и ЕСМ склучи договор со МЕМО и ќе има можност да тргува со електрична енергија, соопшти АД Електрани на Северна Македонија. Со домашната берза раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија, МЕМО. Проектот е работен над пет години, а официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година, со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија, а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското. Со отпочнувањето со работа на берзата ќе се поттикне ефикасна конкуренција во производството, трговијата и снабдувањето со електрична енергија, и ќе…
Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до обвинителството се поднесени 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР. Леснотијата со која се издаваат брзите кредити им даде плодна почва на измамниците. Кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет. Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле…
„Сините знамиња“ знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на 617 грчки плажи, 36 повеќе од лани, на 18 марини и шест туристички јахти, кои добија награда за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите и ја задржаа Грција на втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“, соопшти дека прв пат оваа година бројот на наградени плажи надминува 600, со оглед на тоа што лани беа 581.…
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања од првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Севилја во Лигата на Европа. „Севилја четири пати ја освои Лигата на Европа и два пати Купот на УЕФА. Тие се навикнати на вакви ситуации, тие се специјалисти на овој турнир. Мора да работиме навистина напорно за да ги победиме. Оваа година созреавме и станавме посилни. Ни остануваат уште четири првенствени натпревари и овие полуфиналиња. Треба да го направиме она за што отсекогаш сме зборувале, да го дадеме својот максимум на теренот и да видиме каде ќе не однесе на крајот на сезоната“, изјави…
Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик. Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил. Тој додава дека ќе може да се испраќаат и шифрирани пораки, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани. Милијардерот лани ги објави своите планови за подобрување на оваа…
Потребата од доизградба и модернизација на патната мрежа низ државата е суштинска потреба заради брз економски развој, како и интеграција на транспортниот сектор со ЕУ. Транспортните политики на државата мора да се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Токму затоа изградбата на коридорите 8 и 10 е стратешка определба усвоена и во Националата транспортна стратегија 2018-2030. Нашата држава со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на Регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има…
Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Заседаваше и матичната Комисија за европски прашања, која е следниот филтер за законските измени, но само го утврди дневниот ред и според најавите денес треба да почне расправата. Опозициските пратеници во расправата и на пленарната и на комисиската седница го оспоруваа означувањето на законите со европско знаменце и ги повторија обвинувањата дека со тоа што не е објавен Договорот со стратешкиот инвеститор, американско-турскиот конозорциум „Бехтел и Енка“, се остава простор…
Виолончелистот Антонио Илиоски денеска во Музејот на македонската борба ќе одржи солистички концерт насловен „Антонио Илиоски и Камерен Оркестар – Скопје “. Концертот за виолончело и оркестар ќе биде изведен во C-dur од Франц Јозеф Хајдн, под диригентската палка на маестро Fifi Le. „Би сакал да искажам голема благодарност до проф. м-р Даница Стојанова и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje, за поддршката овој проект да биде реализиран“, напиша Илиоски на Фејсбук.