Author: Соња Крамарска

Основните судови во Кочани и Виница се соочуваат со сериозни тешкотии во работењето поради недостиг од судии, иако обемот на работа во изминатиот едногодишен период не им е намален. Во Основниот суд Кочани, кој има проширена надлежност и за дел од соседните општини, од предвидените десет во моментот се вработени осум судии, а еден од нив истовремено е и претседател на судот. Проблемот е многу поизразен затоа што двајца од судиите се делегирани на работа во основните судови во Виница и Берово, што значи дека и за кривичните и за прекршочните постапки на територијата што ја покрива институцијата ангажирани се…

Read More

Хрватските судии денеска стапија во „бел штрајк“ барајќи зголемување на платите за околу 1.300 евра. Министерството неодамна најави зголемување на платите на судиите и обвинителите, пред се општинските, кои во просек се платени по 1.670 евра нето. Платите требало да им се зголемат за повеќе од 300 евра, но Здружението на хрватски судии тоа го одбило и барало зголемување за 1.300 евра. Здружението минатата недела најави „бел штрајк“ кој го нарекуваат „предупредувачки мерки поради недостиг на дијалог со извршната власт за зголемување на платите“, а очекува да се вклучат две третини од првостепените судии. Мерките за предупредување, според соопштението, ќе…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ очекува што поскоро да биде изготвен текстот на амандманите за уставните измени за да може уште овој месец да ги проследат во Собранието. „Очекувам што поскоро да се заврши текстот на амандманите, за неколку денови или недели за да можеме уште овој месец да ги видиме амандманите во јавноста, да ги продискутираме и понатаму да се проследат во Собранието. Јас очекувам да го стигнеме рокот во ноември, но таа динамика зависи од тоа како Собранието ќе го постави календарот на уставните измени, но сметам дека треба таа процедура да се започне пред летниот распуст…

Read More

Украинската воздушна одбрана собори 35 беспилотни летала од иранско производство над Киев во последниот ноќен напад на Русија, додека во нападите низ Украина од страна на силите на Кремљ загинаа четворица цивили, соопштија денес официјални лица. Бомбардирањата се случија кога Москва воведе засилени безбедносни мерки во пресрет на традиционалните комеморации на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Руските медиуми пребројаа најмалку 21 руски град кои ги откажаа воените паради – основната прослава на Денот на победата низ Русија – на 9 мај за прв пат по многу години. Регионалните официјални лица наведоа „безбедносна загриженост“…

Read More

Денеска ќе бидат погребани четири од осумте деца кои во пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград ги уби разулавениот Коста К.(13). За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја зацрнија Србија. Четворица ученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ во саботата се испратени на вечното почивалиште во Белград. Во Мали Орашје и Младеновац беа погребани осум лица кои беа брутално ликвидирани од Урош Б. во крвавиот пир што траеше со часови, меѓу нив и полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина и неговиот пријател Далибор Т. За два дена 17 лица беа убиени во Србија. Сите…

Read More

Претседателот Володимир Зеленски ја одбележа годишнината од предавањето на нацистичка Германија во Втората светска војна со образложение дека 8 мај ќе биде официјален Ден на сеќавање и победа во Украина, а Украина ќе го слави Денот на Европа на 9 мај. Обраќајќи ѝ се на нацијата, Зеленски рече дека „старото зло“ се вратило, овојпат извршено од „модерна Русија“ која ја следи истата цел на „ропство и уништување“ како и нацистите – „но нема да успее“, рече тој. Дополнително зацврстувајќи го раскинувањето на Украина со советското минато, Зеленски рече дека поднел предлог-закон до парламентот со кој официјално ќе се прогласи 8…

Read More

Принцот од Велс му оддаде почит на неговиот „тато“ кралот Чарлс ден по крунисувањето, велејќи дека покојната кралица Елизабета Втора би била „горда мајка“. Неговиот говор беше на гала-концертот еден ден по крунисувањето за крал на неговиот татко Чарлс, што се одржа во замокот Виндзор. Истакнувајќи ги достигнувањата на кралот Чарлс во последните 50 години, Вилијам рече: „Тато, сите сме многу горди на тебе“. Тој, како престолонаследник даде свој завет на нацијата, велејќи: „Се обврзувам да ви служам на сите. На Кралот, на државата и на Комонвелтот“. Кралот Чарлс и кралицата Камила – координирани во облека во сина боја -…

Read More

Три автомобили се изгорени во близина на клучката кај Бит-пазар. Полицијата врши увид за да се открие како избувнал пожарот на паркираните автомобили. Пожарот е пријавен околу 3 часот наутро по што интервенирале пожарникари и ги изгаснале возилата. Од МВР го потврдија инцидентот На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост…

Read More

Вчера на штандот на „Сакам книги“ читателите чекаа во ред долг речиси до влезот на саемот за да се поздрават и добијат автограм од нивниот омилен пистаел – Крис Картер кој оваа година беше во центарот на вниманието на 35. издание на саемот на книга. Тиражите на неговите две најнови книги „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ веќе се распродадени и со огромна радост можеме да констатираме дека Крис Картер сруши рекорди по продажба. Организаторите велат дека рекорди беа срушени и по продадени влезници на саем, како што не памети саемот. За добрата атмосфера на штандот се погрижи и диџеј Јанко,…

Read More

Воените оркестри од армиите на Северна Македонија и на САД за Европа и Африка денеска и утре, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Брз одговор 23” ќе одржат два издвоени концерти вио Скопје. Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне ќе изведе самостоен настап на градскиот плоштад во центарот на главниот град. Двата воени оркестри утре ќе изведат заеднички концерт во градскиот парк кај „Школка“. „Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на…

Read More

Граѓаните на Србија кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат тоа оружје во која било полициска станица, за што нема кривично да одговараат и нема да сносат никакви последици. Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје, нема да мора да го докажуваат неговото потекло, а во полиција можат да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Појаснија дека се работи за сите видови оружје, за автоматско оружје како и за сите други, минско-експлозивни направи, делови за оружје и муниција што граѓаните нелегално ги…

Read More

Блупринт групата за реформи во правосудството испрати соопштение во кое изрази загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет. Како што дсе вели во соопштението, вчера, на 4 мај 2023 година во период од помалку од четири часа, Судскиот совет одржа дури три одделни седници на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на седницата на 26 април 2023, продолжи со практиката на повреда на одредбите од Законот за Судскиот совет. „Како група на граѓански организации будно ги следевме случувањата околу разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева и сме непријатно изненадени од разврската и изборот на нов претседател на…

Read More