Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блупринт групата за реформи: Судскиот совет се обиде да го озакони своето незаконско постапување

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 5, 2023 15:48

Блупринт групата за реформи во правосудството испрати соопштение во кое изрази загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет. Како што дсе вели во соопштението, вчера, на 4 мај 2023 година во период од помалку од четири часа, Судскиот совет одржа дури три одделни седници на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на седницата на 26 април 2023, продолжи со практиката на повреда на одредбите од Законот за Судскиот совет.

„Како група на граѓански организации будно ги следевме случувањата околу разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева и сме непријатно изненадени од разврската и изборот на нов претседател на Судскиот совет. Особено е погубно тоа што мнозинството од членовите на Судскиот совет останаа глуви на забелешките од страна на огромен број водечки правни експерти, граѓански организации и медиуми дека на седницата одржана на 26.4.2023 се случи флагрантна и недопустлива повреда на Законот за Судскиот совет и Деловникот на Судскиот совет“, се вели во реакцијата.

Се додава и дека „за жал и на штета на владеењето на правото членовите на Судскиот совет направија неуспешен обид да го ‘озаконат’ своето незаконско постапување од 26.4.2023, повторно со повреда на одредбите од Законот за Судски совет и Деловникот со кој се уредува нивната работа“.

„Во две од трите седници одржани вчера беше незаконито исклучена јавноста со повикување на чл. 39 ст. 2 од Законот за Судскиот совет, според кој јавноста може да биде исклучена единствено и само ‘заради заштита на угледот и интегритетот на судијата или кандидатот за судија’ што не беше случај. Меѓучовечките односи помеѓу членовите на Судскиот совет не се и не можат да бидат основ за исклучување на јавноста. Потенцираме дека не се работи за приватни односи помеѓу вработени лица туку за односи помеѓу носители на јавна функција, членови на колективен орган со особено значајни уставни надлежности, и затоа Судскиот совет како институција не треба да биде заложник на меѓучовечките односи на неговите членови“.

Во реакцијата се тврди и дека согласно член 38 од Законот за ССРСМ и член 11 од Деловникот на Судскиот совет, денот на одржување на седница на Советот се објавува на веб страницата на Советот веднаш по закажување на седницата истовремено со доставување на поканата до членовите на Советот. Поканата се доставува најмалку 7 дена пред денот на одржување на седницата, но постои можност поради итни и неодложни работи седницата да се закаже и во пократок рок.

„Седницата на која е избран новиот претседател беше свикана од заменик претседателот на невообичаен начин вон работното време на Советот, петнаесетина минути пред самиот почеток на седницата, што е директно прекршување на законските одредби кои се однесуваат на транспарентност и јавност во работата на Советот“, велат од Блупринт групата за реформи во правосудството.

„Убедени сме дека со последниве случувања, Судскиот совет е на пат да го загуби целосно легитимитетот да избира, оценува и разрешува судии. Легитимитетот, покрај од Уставот, во суштинска смисла треба да извира пред сѐ од стручноста, професионалноста и интегритетот на членовите на овој орган кои со своето познавање на правото треба да бидат пример за севкупната правосудна фела посебно кога станува збор за судии и истакнати правници“, велат во реакцијата.

Групата Блупринт во која членуваат повеќе невладини организации, му порача на Судскиот совет и дека оценувањето на работата на судиите, кое е во негова надлежност, треба да го вршат исклучиво лица кои со своето професионално искуство и знаење покажале дека се стручни и независни, а не „лица кои се обидуваат да ги заобиколат законите за да остварат одредена цел која не е поврзана со правото и за која оправдано постои сомнеж за постоење на политички влијанија“.

„Четири од петте избрани членови на Судскиот совет од страна на Собранието со исклучок на Весна Дамева беа поддржувачи на одлуката од 26.4.2023 година, која по тврдењата на Дамева е донесена под политички притисок, со што се поставува прашањето во јавноста дали до оваа состојба во Судскиот совет дојде по основ на политички влијанија врз членовите кои не доаѓаат од редот на судиите“, додаваат од Блупринт.

На крајот се вели и дека овие случувања за жал ќе предизвикаат особено црна дамка врз правосудството во целина  иако одговорноста е пред сѐ кај членовите на Судскиот сове и дополнително негативно ќе влијаат на довербата во правосудството која и така е на незавидно ниско ниво.

Во Блупринт групата за реформи во правосудството членуваат повеќе невладини организации како што се Македонското здружение на млади правници, Институтот за европска политика, Институт за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“, Хелсиншки комитет за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи.
Блупринт група Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.