Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Одборот на директори на Светска банка вчера го избра поранешниот извршен директор на Mastercard Аџеј Банга за претседател со петгодишен мандат, задолжувајќи го овој експерт за финансии и развој роден во Индија да го прилагоди светскиот кредитор и за темите како справување со климатските промени и другите глобални кризи. Банга (63) беше номиниран за оваа функција од американскиот претседател Џо Бајден кон крајот на февруари беше единствениот кандидат да го замени директорот на Светска банка во заминување Дејвид Малпас, економист и поранешен функционер во американското Министерство за финансии, кој служеше во администрацијата на Трамп. Својата нова работа ја започнува на…
Во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието наша обврска е да исплатиме ДДВ на граѓаните, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во Утрински печат. „За првпат сега ќе исплатиме 2100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози“, рече Лукаревска. Таа вели дека средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за тромесечието се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. „Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на…
Универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети во интервју за „Локално“ вели дека ја поддржува потребата од започнување на коридорот и изборот на изведувач и дека самиот изведувач нема да дозволи да биде нарушено неговото реноме и да ги загрози сопствените референци добиени насекаде низ Европа. Во однос на предлогот на ВМРО ДПМНЕ за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, Беџети рече дека сите видовме како оваа партија го правеше договорот за автопатот Кичево-Охрид и како тој договор беше „реализиран“. „Не би ги коментирал мотивите зошто сега ВМРО ДПМНЕ излегува со ваков предлог кога тоа не го направија ведаш откако цела јавност…
Осум лица загинаа во пожар во чешкиот град Брно, кој избувна синоќа околу два часот. Чешката телевизија објави дека жртвите најверојатно се бездомници. Пожарот зафатил 12 контејнери на периферијата на станбен комплекс, пишува Ројтерс. Информацијата ја потврди полицијата на Твитер. Причината за пожарот се истражува, пренесува АП. Спасувачките служби изјавија дека не нашле повредени лица. Брно е вториот по големина град во Чешка и се наоѓа на 200 километри југоисточно од Прага.
Кандидатот за претседател на Турција, Кемал Киличдароглу, кој е поддржан од шестпартискиот опозициски сојуз, вели дека ако победи, ќе и донесе слобода и демократија во Турција. „Младите сакаат демократија. Тие не сакаат рано наутро полицијата да им дојде на врата само затоа што твитале“, изјави тој за Би-Би-Си. Кемал Киличдароглу е главниот конкурент на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган на изборите на 14 мај и има мала предност во анкетите. Оваа тесна трка се очекува да оди на вториот круг две недели подоцна. Во моментов, Турците можат да одат во затвор за „навреда на претседателот“, а многумина веќе издржуваат…
Во земјава денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, ќе положи претседателот Стево Пендаровски, како и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во состав: Даниела Николова, Велика Серафимова Стојковска и Мерита Колчи-Коџаџику. Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 120 години…
На денешен ден пред 43 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор. Мислењата за неговата улога и дело се…
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите во вчерашното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има ученичка од француска националност, јави дописникот на МИА од Белград. „Бевме длабоко шокирани кога дознавме за пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград утрото на 3 мај, кое резултираше со голем број жртви, меѓу кои и еден ученик од француска националност“, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција. Тие изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакаа брзо закрепнување. „Нашиот персонал и амбасадата во Белград прават напори да му пружат целосна поддршка на семејството на нашиот…
Билјана Ангелова од Економскиот институт, Горан Ајдински од Филозофски факултет, Ратко Дуев од Филозофски факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ и Димитар Ташковски од ФЕИТ се кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и ќе учествуваат на изборите на 30 мај. Нивните кандидатури се прифатени од Универзитетската изборна комисија која на состанок попладнево ги разгледа сите шест пријави што стигнале до вчера кога заврши огласот. Претседателката на Комисијата, Родна Живковска, за МИА изјави дека ја утврдиле листата со шест кандидати и дека сите шестмина кои се пријавиле доставиле сѐ што е потребно за…
Уапсен е таткото на детето кое пукаше во Белград, пиштолот бил со легална дозвола и бил чуван во сеф
Српскиот министер за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, попладнево изјави дека таткото на момчето, кое е осомничено дека пукало во училиштето, е уапсен и дека тој имал дозвола за поседување на двата пиштола, пренесе Бета. „Таткото кажа дека пиштолите биле заклучени во сеф со шифра, но дека момчето очигледно ја знаело шифрата“, рече Гашиќ на прес-конференција во зградата на Владата. Тој изјавил дека момчето вежбало гаѓање на стрелиште. Според важечките закони во Србија, децата помлади од 14 години не можат кривично да одговараат, што значи дека не можат да бидат казнети за незаконско дело, односно не може да им се изрече…
Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот за прв пат од 2017 година по неговата преселба во Ал Наср во Саудиска Арабија. Форбс објави дека 38-годишниот португалски напаѓач заработил 136 милиони долари во изминатите 12 месеци. Неговиот договор со Ал Наср, наводно, вреди повеќе од 200 милиони евра годишно. Капитенот на Аргентина, кој го освои Светското првенство, Лионел Меси е втор на листата на Форбс со заработка од 130 милиони долари. Во Топ 10 на Форбс се и кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс и боксерот Канело Алварез, додека 20-кратниот тениски Грен слем шампион Роџер Федерер е единствениот пензиониран спортист на листата…
На 25 април на владина седница била донесена одлука да се набави лекот „трикафта“ за дополнителни 18 пациенти со цистична фиброза. Како што соопшти претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар на денешниот протест пред Министерството за финансии, битката за „трикафта“ ќе продолжи се додека не ја добие и последниот пациент. Кратко откако почна протестот претставници од Асоцијацијата беа повикани на разговор со министерот Фатмир Бесими, а Гаспар вели дека се делумно задоволни од состанокот. „Зборувавме со секторот за буџетирање, ги кажавме нашите барања. Тоа се да има системско решение за лекот, да нема застој. Тоа што го слушнавме…