Author: Соња Крамарска

Министерството за здравство денеска информира дека примиле на разговор претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза. Соопштението беше објавено до јавноста, откако претходно пред Министерството претставници на Асоцијацијата, истакнаа дека се уште нема прогрес во однос на набавка на лекот „Трикафта“. Како што информираше Министерството за здравство целта на дискусијата била запознавање со процесот во кој Министерството веќе активно работи на наоѓање решение за овие пациенти. За таа цел, нагласува Министерството, е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот. „Претставници од Асоцијацијата исто така ќе бидат…

Read More

„Вашингтон пост“ објави дека протечените документи на американските разузнавачки служби покажуваат дека Египет планирал тајно да и испорачува на Русија ракети и муниција. Весникот цитира документ од 17 февруари меѓу претседателот Абдел Фатах ал-Сиси и високи египетски воени претставници. Во документот, Сиси им наредува на функционерите да го чуваат производството и испораката на ракети за Русија во тајност „за да се избегнат проблеми со западот“, а дополнително ги наведува и плановите за снабдување на Русија со артилериски истрели и барут. Прашан за документите, портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи, амбасадорот Ахмед Абу Зеид, изјави за „Вашингтон пост“: „Позицијата на…

Read More

Вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм на денешниот протест пред Владата, што го организираат трета недела по ред, повторно го изразија незадоволството од своите месечни примања и очекуваат на денешната владина седница да се разгледа нивното барање. Претседателот на синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот рече дека постојат законски можности за решавање на прашањето на вработените во Министерството за култура и се надева дека „денеска на владината седница ќе преовлада разумот и ќе се покаже слух и волја за 190-те вработени во секторот култура“. „Овие денови во…

Read More

Вулканот Шивелуч еруптираше утринава и исфрли пепел во висина до 10 километри, што предизвика предупредување за воздушниот сообраќај над полуостровот Камчатка, објави Дојче веле (DW). Шивелуч е еден од најактивните вулкани во Русија и последната голема ерупција ја имаше во 2007 година. Тимот за брза реакција од Камчатка (KVERT) издаде црвен аларм за авијацијата, истакнувајќи дека вулканот може да исфрли пепел до 15 километри во воздухот во секое време. Облакот од пепел се проширил до 400 километри, а по ерупцијата се повлекол на запад и југ, објави на Телеграм Центарот за геофизички истражувања на Руската академија на науките. Медиумите објавија…

Read More

Помина еден месец од законските измени и сè уште нема никаков прогрес во однос на набавка на лекот „Трикафта“, реагираа денеска претставници на Асоцијација за цистична фиброза. Тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство побараа  поголема ажурност од страна на надлежните институции. „Тоа што го знаеме иако официјално не сме поканети на било каков состанок со Министерството и со другите надлежни институции, е дека тие имаат одредена комисија што ја формираат со доста бавно темпо, незадоволително на тоа што очекувавме дека ќе се формира“, изјави Фики Гаспар, еден од членовите на Асоцијацијата. Од Асоцијацијата информираа дека воопшто не е…

Read More

Уставните измени може да се направат оваа година, изјави лидерот на Беса и актуелен градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. „Верувам дека уставните измени ќе се направат годинава. Која Влада ќе ги направи овие измени, тоа е друга тема. Можни се предвремени избори. Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство. Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени“, истакна Касами.…

Read More

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на тројцата млади мажи кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Во директен судир во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, загинаа тројца македонски и еден италијански државјанин. Од Македонска Каменица загина З. С. (33), од село Саса А. К.(31), а В. И. (30) од село Пекљани, Виничко. Тие се наоѓале на привремена работа во Италија. „11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу…

Read More

Полицијата соопшти дека пет лица се убиени во пукање во зграда на банка во центарот на Луисвил, во сојузната држава Кентаки во САД а и осомничениот стрелец е мртов. Полицијата додаде и дека уште шестмина биле донесени во болница по пукотницата денес наутро по тамошно време, јави пред малку Асошиетед прес.  Полициската управа на Твитер објави дека постои тековна ситуација и побара од луѓето да ја избегнуваат областа. „Има повеќе жртви“, објави полицијата во твитот. Полицијата го опиша напаѓачот како „активен агресор“. Сведоците кои ја напуштија зградата изјавија дека слушнале пукотници во зградата. На телевизиските снимки се забележани бројни полициски…

Read More

Во официјално соопштение потпишано со „фракција на ДУИ“ денес беше објавено дека таканаречената „огнена група“ околу Изет Меџити и останатите фракционери е на став дека евро-атлантските интеграции се „приоритет над приоритетите“ и затоа „цврсто“ ги поддржуваат уставните измени. „Сакајќи во овој процес да имаме активна а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската унија за интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети“, се вели во соопштението. Фракционерите додаваат дека ја поддржуваат „непоколебливо“ иницијативата…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“. За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека планира да се кандидира за функцијата. Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа, истакна Бајден. И покрај нискиот рејтинг на Бајден, демократите посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера. Извор: МИА

Read More

Денеска беше промовиран првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор – АДА. АДА има за цел да ја претставува Северна Македонија како поволна инвестициска дестинација и ќе нуди персонализиран пристап при комуникацијата со потенцијални странски инвеститори. На промоцијата денеска зборуваа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој, Фестим Халили. Ковачевски рече дека Северна Македонија сега е дел од бранот модерни достигнувања кои го зафаќаат „секој аспект нашите животи.“ Со своите способности напојувани со вештачка интелигенција, АДА може да одговори на широк спектар на прашања поврзани со…

Read More

Израел потпиша договор со Грција во вредност од 400 милиони долари за продажба на противтенковски ракети од типот Спајк, произведени од израелската воена технолошка компанија Рафаел, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана. „Овој проект е дел од серијата договори меѓу Израел и Грција и продолжува да го нагласува силното партнерство меѓу нашите земји и нашите воени естаблишменти“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Тој рече дека двете земји заеднички се залагаат за обезбедување регионална стабилност. Спајк е наведувана противтенковска ракета што ја користат многу земји од ЕУ и НАТО. Проектилите „Спајк“ ќе ги зајакнат грчките воени капацитети и очекуваме…

Read More