Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен законик. Во своето обраќање на конференцијата „Изборните реформи во Северна Македонија“ што ја организираше Националниот демократски институт, министерот Лога рече дека негова иницијатива е политичките партии да седнат на иста маса со цел да се најде модел по кој ќе се пристапи кон изготвување на нов Изборен законик и да се постигне консензус за одредени прашања кои имаат политичка конотација затоа што тоа е и препорака дадена од Венецијанската комисија. „Дали ни е неопходна оваа реформа? Одговорот е ‘да’. Изборниот законик треба да…
Општините Струмица и Петрич започнаа со спроведување на заеднички проект насловен „Заштита на локалното население од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човечкиот фактор“, што се реализира во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Како што јави бугарскиот порталот „Струма“, станува збор за проект вреден 400.000 евра, кој опфаќа набавка на опрема за реакција при кризни состојби во Струмица, заедничка обука на волонтери за одговор при кризи, размена на искуства на доброволните друштва и изработка на програма за обука. Во рамки на проектот, според порталот, Општина Петрич ангажирала 21 волонтер кои ќе поминат обука за…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е од големо значење, клучна за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот и дека се надева дека двете страни ќе „го зграпчат момент“ во дијалогот и ќе бидат конструктивни во претстојните разговори. Таа го изјави ова за време на интервју организирано од Европската новинска агенција, со повеќе медиуми од ЕУ, Западен Балкан и Украина. На коментарот на Танјуг дека разговарала за дијалогот меѓу Белград и Приштина и со американскиот претседател Џозеф Бајден и за прашањето колку е важно за процесот на проширување и…
Акциите на банките ширум светот паднаа и покрај уверувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден дека американскиот финансиски систем е безбеден по колапсот на две американски банки, објави Би-Би-Си. Акциите паднаа откако властите презедоа мерки за заштита на депозитите на клиентите во Силиконската долина банка – SVB и Signature Bank, се вели во извештајот објавен синоќа. Американскиот претседател Џозеф Бајден вети дека ќе стори „се што е потребно“ за да го заштити банкарскиот систем. Тој вчера им порача на Американците дека финансискиот систем на земјата е стабилен. Ненадејниот банкрот на две банки ги зголеми стравувањата од поголема криза. Инвеститорите стравуваат дека…
Донесовме одлука за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2 175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20 175 денари, односно ќе има зголемување за 12 отсто, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешниот Економско-социјален совет. „Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно Законот за административни службеници, кој е усогласен со Законот за минимална плата, тоа значи дека линеарно ќе се усогласат и платите на 27 000 службеници, како и во другите сектори во кои законите се усогласени со Законот за минимална плата“,…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговите советници и дел од министрите разгледуваат 15 модели за Заедницата на српските општини што му ги понудил претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак, пренесува приштински „Коха диторе“. Курти рече дека од тие модели според кои се организираат националните малцинства во ЕУ, ќе земе елементи врз основа на кои малцинствата во Косово би биле третирани на вистинско ниво. Тој истакна дека нема да прави компромиси со уставноста, законитоста и функционирањето на државата. „Моделите што ги претстави европскиот емисар Лајчак се различни решенија за националните малцинства во земјите на ЕУ, од кои вкупно петнаесет се добро…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на претседавањето на Северна Македонија до ОБСЕ во 2023, назначи двајца нови специјални претставници на претседавачот: за невладини организации, Андреа Стојковски и за млади, Мемет Жаку. Османи, како што велат од неговиот прес офис, „водејќи сметка за важноста на невладиниот сектор, како и иднината и позицијата на младите во земјата и во ОБСЕ регионот, во листата на свои специјални претставници ги додаде и овие две позиции, покрај претходно назначените вообичаени специјални претставници на претседавачот на ОБСЕ, кои ќе му помагаат во неговата работа со цел да се обезбеди подобра координација на напорите…
Руската инвазија на Украина имаше „погубни“ последици за децата сместени во домови, при што илјадници од нив беа префрлени на окупираните територии или во Русија, соопшти Светската организација за човекови права. Во извештајот објавен денеска, исто така, се вели дека војната ја истакнала итната потреба од реформи во Украина, каде пред инвазијата имало повеќе од 105.000 деца во институциите – најголем број во Европа по Русија. „Оваа брутална војна јасно ја покажа потребата да се стави крај на опасностите со кои се соочуваат институционализираните деца“, рече Бил ван Есвелд, помошник директор за правата на децата во организацијата со седиште во…
Историчарот Димитар Атанасов од Институт за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј при Бугарската академија на науките, во разговор за „Локално“ вели дека „ако пред повеќе од една деценија Германија покажа зрелост и се извини за депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна, Бугарија се уште е во инфантилна фаза на развој“. „Како што децата се секогаш во право во своите очи, така и постапките на бугарските политичари се секогаш исправни според денешните историчари, а нивните грешки не се должат на нивните сопствени постапки, туку на нашите идеи за ‘разбојници сојузници’ кои ја измамиле нашата добрина. Таквата…
Владите во Обединетото Кралство и САД преземаат силни напори за да се запре потенцијалната банкарска криза по историскиот неуспех на банката во Силиконската долина, во ситуација кога и друга голема банка беше затворена. Министерството за финансии на Обединетото Кралство и Банката на Англија рано утрово објавија дека ја олесниле продажбата на Silicon Valley Bank UK на HSBC, најголемата европска банка, обезбедувајќи сигурност за 6,7 милијарди фунти (8,1 милијарди долари) депозити. Британските власти работеа во текот на викендот за да најдат купувач за британската подружница на банката со седиште во Калифорнија. Нејзиниот колапс е вториот по големина банкарски неуспех во историјата.…
Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе побара „целосна одговорност“ од луѓето одговорни за банкротот на банката Силиконската долина и втората финансиска институција – Signature Bank, обидувајќи се да ги увери Американците дека нивните депозити се безбедни, пренесе АФП. „Решен сум да ги повикам одговорните за овој хаос целосно на одговорност и да ги продолжиме нашите напори за зајакнување на надзорот и регулирањето на поголемите банки за да не дојдеме повторно во оваа ситуација“, рече Бајден. „Американскиот народ и американските бизниси можат да имаат целосна доверба дека нивните банкарски депозити ќе бидат достапни кога ќе им бидат потребни“, додаде претседателот…
Северна Кореја тестираше две стратешки крстосувачки ракети од подморница, во демонстрација на сила неколку часа пред САД и Јужна Кореја да одржат големи заеднички воени вежби, соопштија рано утринава државните медиуми, извести АФП. Подморницата пукала со оружје од водите во близина на источниот крајбрежен град Синпо во неделата наутро, објави новинската агенција КЦНА. Јужнокорејската војска соопшти дека открила лансирање на неодредена ракета, објави новинската агенција Јонхап.