Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минималецот покачен на 20 175 денари

0
By Соња Крамарска on March 13, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2023 16:07

Донесовме одлука за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2 175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20 175 денари, односно ќе има зголемување за 12 отсто, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешниот Економско-социјален совет.

„Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно Законот за административни службеници, кој е усогласен со Законот за минимална плата, тоа значи дека линеарно ќе се усогласат и платите на 27 000 службеници, како и во другите сектори во кои законите се усогласени со Законот за минимална плата“, рече Ковачевски.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека со денешната одлука на Економско-социјалниот совет продолжува постојаниот раст на минималната плата.

„Имаме постојан раст на платите и за оваа година нето-минималната плата изнесува  20 175 денари, а бруто-минималната плата од март 2023 година изнесува 29 739 денари“, нагласи Тренчевска.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Како што рече Тренчевска, минималната плата се пресметува со формула во која се користат два параметри – порастот на платата и стапката на инфлација минатата година.

„Во март нема да се исплати пониска основна плата од 20 175 денари“, рече министерката.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, дополни дека е дојден, како што рече, денот кога дефинирањето на минималната плата повеќе не е предмет на преговори, кавги, уцени и купување политички поени.

„Денес на Економско-социјалниот совет, преку дијалог со синдикатите и работодавачите лани, се договоривме за системско решение и нова методологија за постојан раст на минималната плата и ја утврдивме сегашната плата, односно 20 175 денари“, истакна Битиќи.

Од Организацијата на работодавачи рекоа дека отсекогаш ги поддржуваат системските и законски решенија и секојпат се стремат да ги мотивираат и да ги наградат добрите работници.

„Ова решение го донесовме едногласно. Ова законско решение е веќе стокмено и немаме потреба да разговараме понатму за негови измени, но мора да разговараме во една друга насока, а тоа е да имаме попродуктивни работници, да имаме млади луѓе кои ќе бидат задоволни со живеењето во оваа држава и кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор“, порача претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајковска.

Од Сојузот на синдикати на Македонија рекоа дека и минатата година преку многубројни синдикални активности успеале со нивните социјални партнери да најдат решение со кое ќе се утврди системско решение и методологија за утврдување на минималната плата.

„Од минатата година до сега минималната плата се зголеми за 4 920 денари на што како синдикат сме горди иако сме свесни дека не е доволно во времето во кое живееме. Инфлацијата и растот на животните трошоци ни ја намалува куповната моќ, но сепак сметаме дека е добар почеток и добар пат како да продолжиме. Она на што сакаме да повикаме е сите работодавачи, како во приватниот така и во јавниот сектор, да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до една соодветна урамниловка каде нема да има силно мотивирани работници туку ќе имаме работници кои ќе се споредуваат едни со други само за тоа колку плата земаат“, изјави Златко Цветковски од ССМ.

Р.Н.

 

 

 

 

Димитар Ковачевски Јована Тренчевска минимална плата организација на работодавачи ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.