Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека опозицијата треба да прифати учество во работната група за уставните измени, иако, како што рече, во минатото се покажало дека тие во ништо не сакаат да учествуваат во ништо, освен во блокирање на Собранието. На новинарско прашање премиерот повтори дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, што ќе биде координирана од Министерството за правда со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори, вклучително и двотретинско и апсолутно мнозинство. „Ние во моментов зборуваме за уставни измени, меѓутоа никој од…
Докторката Стојка Фуштиќ, специјалист за цистична фиброза, денеска на прес конференција во Министерството за здравство истакна дека утрово пристигнал лекот „Трикафта“ на Универзитетската клиника за детски болести и веќе ги примаат пациентите кои треба да ја започнат терапијата. Според неа, на Клиника се примаат 6 пациенти, додека пак двајца пациенти кои се водат во критична состојба ќе бидат лекувани на Универзитетската Клиника за пулмологија. „Очекуваме да започнеме со терапија овие денови, кај некои од утре, очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на нивната белодробна функција, подобрување на квалитетот на животот, на нутритивниот статус, намалена зачестеност на хоспитализација…
Немам увид во поединци кои би можеле да бидат цел на санкции, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир на прашањето дали Брисел е запознат за лица поврзани со висока корупција, откако американската амбасадорка Анџела Агелер посочи дека едно до две лица ќе бидат на црната листа на САД. Евроамбасадорот нагласи дека кога е во прашање корупцијата, нема толеранција и не се работи за идентификување поединци, туку за промена на системот. „Прашањето за корупција е многу важно што навлегува во сржта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите прашања. Ја испитуваме борбата…
И вчера повеќе десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Грција, а други илјадници работници стапија во штрајк во најголемата досега манифестација на јавен гнев поради најсмртоносната железничка катастрофа во која загинаа 57 луѓе. Несреќата на 28 февруари предизвика гнев во јавноста поради распадната состојба на железничката мрежа. Работниците кои штрајкуваат велат дека виновник за оваа незапаметена несреќа досега се годините на запоставување, недоволно инвестирање и недоволно персонал – наследство од децениската должничка криза на Грција. Во најголемите улични протести со кои се соочи владата откако беше избрана во 2019 година, полицијата процени дека повеќе од 60.000 луѓе, меѓу кои…
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави дека во следните две години ќе инвестира до 1,5 милијарди евра во турскиот регион погоден од земјотресот. ЕБОР со седиште во Лондон соопшти дека првично ќе инвестира 600 милиони евра во форма на кредитни линии за локалните банки за бизниси и поединци во директно погодените региони на јужна Турција, објави АФП. Управниот директор на ЕБОР за Турција Арвид Туркнер додаде дека банката е подготвена да го поддржи турскиот приватен сектор во обновата и изградбата на нови капацитети. Разорниот земјотрес и последователните потреси на 6 февруари предизвикаа штета од повеќе од 100 милијарди…
Северна Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани. Со оценката 68, Северна Македонија е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави. Во истата група се и повеќето земји во регионот. Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86. Највисок индекс на слободи меѓу земјите во регионот има Словенија –…
Специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак денес и утре, и наредната седмица, ќе ги посети Белград и Приштина, а во втората половина на месецов ќе се состане и Европскиот совет за да разговара за напредокот во дијалогот. Новата рунда шатл-дипломатија доаѓа само две недели по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, а нејзината цел ќе биде „обликување“ на европскиот предлог за нормализација на односите. Според извори на Еуроњуз Србија, наредниот период може, со сите предизвици што ги носи, да биде и нов почеток за побрза интеграција на Србија во Европската унија. Како што…
Четириесет отсто од жителите на Киев денеска немаат греење по руските напади во текот на ноќта, соопшти на Телеграм воената администрација на главниот град. „Итни прекини на струја во моментов спречуваат 40 отсто од киевските потрошувачи да добијат греење“, наведува воената администрација. Според градоначалникот Виталиј Кличко нема проблеми со снабдувањето со вода. Украинските сили тврдат дека собориле 34 проектили од 81 во денешните напади на руските сили во државата. Според украинските власти, во нападите загинале најмалку пет лица во западните и во источните региони. извор: МИА
Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија по големиот бран руски ракетни напади низ целата земја, соопштија операторите. Постројката окупирана од Русија во јужниот град Енерходар сега се напојува со дизел генератори за итни случаи, соопшти утрово украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом на Телеграм, додавајќи дека снабдувањето со гориво може да трае 10 дена. Според операторот, ова е шести пат откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од една година, нуклеарната централа да мора да работи во вонреден режим. Во објава на Фејсбук, украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко нагласи дека се работи за „варварски, масовен“…
Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста. „Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за…
За прв пат во историјата, жените имаат присуство во сите парламенти ширум светот, според Интерпарламентарната унија (ИПУ). Последниот извештај на организацијата со седиште во Женева – базиран на податоци од 47 земји кои одржаа избори минатата година – покажува дека во споредба со 2020 година, светот продолжува да ја намалува доминантната улога на мажите во претставничките тела, пренесува Euronews. Застапеноста и различноста меѓу законодавците, исто така, достигнаа рекордно високо ниво оваа година, на многу места. Во САД, 263 жени се кандидираа на среднорочните избори, што е дополнително напредување од рекордниот број постигнат во 2018 година, иако бројот на жени номинирани…
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата на 17 март, објави NBC. Информацијата подоцна ја потврди американскиот државен секретар Антони Блинкен во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството. Според NBC, Нед Прајс ќе работи на политичка позиција под директен надзор на Антони Блинкен. „Почнав како државен службеник и аналитичар на ЦИА и завршив на оваа работа преку низа случајности“, рече Прајс. Ведант Пател, сега главен заменик на Нед Прајс, ќе ја преземе функцијата портпарол на Стејт департментот. Неговиот постојан наследник се уште не е назначен. Нед Прајс ја презеде функцијата портпарол на Стејт департментот во…