Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пристигна спасоносниот лек – „Трикафта“ ќе оди кај првите осум критични пациенти

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 12:40

Докторката Стојка Фуштиќ, специјалист за цистична фиброза, денеска на прес конференција во Министерството за здравство истакна дека утрово пристигнал лекот „Трикафта“ на Универзитетската клиника за детски болести и веќе ги примаат пациентите кои треба да ја започнат терапијата.

Според неа, на Клиника се примаат 6 пациенти, додека пак двајца пациенти кои се водат во критична состојба ќе бидат лекувани на Универзитетската Клиника за пулмологија.

„Очекуваме да започнеме со терапија овие денови, кај некои од утре, очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на нивната белодробна функција, подобрување на квалитетот на животот, на нутритивниот статус, намалена зачестеност на хоспитализација и секако поактивен живот на овие пациенти“, порача Фуштиќ.

Таа додава дека се работи за 7 возрасни лица над 18 години и едно дете.

Докторката истакна дека се работи за годишна терапија, а пациентите ќе доаѓаат на Клиниката еднаш месечно со цел да ја земат.

„Тоа е таблетарна терапија. Примаат две таблети сабајле од комбиниран модулатор, и една таблета навечер од еден модулатор“, вели докторката.

И министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на прес конференција посочи дека пациентите со цистична фиброза го добиле лекот „Трикафта“. Истиот го има на Универзитетската клиника за детски болести.

Според министерот, со ова е решен најгорливиот проблем на оваа категорија на граѓани.

„Пациентите се во фокусот на нашата работа, и во таа насока продолжуваме со нашите заложби. Во соработка со премиерот работиме на изнаоѓање решение за останатите засегнати со оваа дијагноза“, рече Меџити.

 

трикафта цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.