Author: Соња Крамарска

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, по денешниот телефонски разговор со неговиот американски колега Ентони Блинкен, изјави дека американскиот државен секретар го информирал за разговорите на  вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индија. „Му објаснив на мојот американски колега за нашите понатамошни чекори во врска со создавањето на специјален суд за злосторства за агресија против Украина. Тоа ќе биде нашиот следен голем потфат да обезбедиме дека руското раководство ќе одговара пред лицето на правдата. Координирана работа е клучот“, напиша Кулеба на Твитер. Претходно во текот на денот, Стејт департментот ја пренесе пораката на Блинкен, наведувајќи…

Read More

Стотици земјоделци незадоволни од владиниот план со кој се предвидува намалување на дозволеното ниво на азот при ѓубрење, денеска со своите трактори тргнаа кон Брисел, блокирајќи го сообраќајот на повеќе локации во главниот град на Белгија. На синдикатот на земјоделците му се приклучија уште неколку и заедно очекуваат денеска на улица над 2.000 трактори. Полицијата предупреди дека сообраќајот ќе биде блокиран до крајот на денот и ги советуваше жителите да користат јавен превоз. Фламанската регионална влада бара начин да го намали загадувањето на животната средина со азот што земјоделците го користат за ѓубрење на почвата. Владините преговори со земјоделците траат…

Read More

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија донесе одлука од утре да прекине со штрајкот и да почне да произведува и да доставува бел и полубел леб по замрзната цена од 33 денари. Од друга страна, битката против владината одлука, како што соопшти претседателот на Групацијата Горан Малишиќ, ќе ја водат на суд. „Пекарската индустрија е жртва на безумието и одлуките што се носат на штета на пекарската индустрија. Одлуките што Владата ги донесе прават огромни штети и загуби на индустријата на месечно ниво кои се во износ од над 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби, пекарската индустрија е принудена да се приспособи…

Read More

Деведесет и два отсто од Украинците се за членство во ЕУ до 2030 година, покажа најновата анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев и Националниот демократски институт (НДИ). Пред руската инвазија на Украина во декември 2021 година, само 67 отсто рекоа дека ќе гласаат „за“ референдум за итно пристапување во ЕУ. Овој тренд е потврден со неодамнешната анкета која покажа дека 87 отсто од Украинците на референдум би гласале за влез во ЕУ – што е највисока бројка измерена досега. Сличен тренд може да се забележи и во јавното мислење за членството во НАТО. Анкетата на НДИ покажа дека…

Read More

Пет лица се повредени и еден загинат во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, јавува репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ) од местото на настанот. Информацијата ја потврди и црногорската полиција. Срѓан Кораќ од Криминалистичката полиција им изјавил на новинарите дека М.Б. (39) од Подгорица загинал откако ја активирал експлозивната направа. „Најверојатно активирал експлозивна направа со поголема разорна моќ при влегување во зградата на Основниот суд“, рече Кораќ. Тој потврди дека пет лица се повредени и дека се сместени во Клиничкиот центар. Полицијата и екипите на итната помош се на терен. Полицијата не им дозволува на…

Read More

Германија побара од Швајцарија да и продаде дел од своите тенкови „Леопард 2“, за да може да додели поголема воена помош за Украина, објави денеска швајцарскиот весник „Блик“.Како што пишува весникот, Германија бара Швајцарија да продаде дел од своите тенкови на производителот Rheinmetall, за да се пополнат празнините во вооружувањето на членките на ЕУ и НАТО. Германија, Полска, Португалија, Финска и Шведска се меѓу земјите кои испраќаат „Леопарди“ во Украина, но со тоа го проретчиле својот воен арсенал. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и министерот за економија Роберт Хабек ја информирале швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд за нивната…

Read More

Компанијата ИРД која е избрана за надзор на изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д заедно со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, имаат обврска навреме и квалитетно да го завршат проектот, а какви било сомневања околу интегритетот на вклучените поединци или фирми во тој проект треба да биде пријавен, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Доколку има какви било сомневања или информации во однос на интегритетот на вработени, подизведувачи, субконтрактори, во овој најголем инфраструктурен  проект секој може тоа да го пријави согласно со нашите закони“, рече Ковачевски на новинарско прашање „како може за надзор да се избере фирма на…

Read More

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека на самитот на 20-те најразвиени земји во светот (Г20) во Њу Делхи забележал „мало подобрување“ во дипломатските односи со Москва. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера во Њу Делхи имаше кратка средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Борел изјави дека Лавров останал во салата додека претставниците на западните земји ја критикувале Русија, за разлика од претходниот самит на Г20 на Бали, кога тој ја напушти просторијата.„Овој пат остана и слушаше. Тоа е мало подобрување, но важно“, рече Борел во Њу Делхи. Борел…

Read More

Пратка кокаин тешка 8,8 тони скриена во контејнер со банани запленила еквадорската полиција. Според „Дејли Стар“, товарот бил наменет за Белгија. Шефот на еквадорската полиција Фаусто Салинас проценува дека доколку дрогата стигне до целта, трговците со дрога би можеле да заработат повеќе од 330 милиони долари од нивната продажба. Во последниве години, Еквадор стана една од главните јужноамерикански транзитни земји за нарко-картелите. Произведен во соседните Перу и Колумбија, кокаинот редовно се наоѓа во пристаништата на Еквадор. Само во 2022 година, локалната полиција заплени над 200 тони дрога од класа А. Бидејќи Еквадор е еден од најголемите светски извозници на банани,…

Read More

Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа. Со ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народа. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.  Ова меѓу другото го истакнува раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература на Анкарскиот универзитет, проф. д-р Мелахат Парс, во разговор објавен во новиот број на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“. „Особено е важно што Катедрата и Лекторатот по македонски јазик и литература се отворија на најеминентниот…

Read More

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. „Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и…

Read More

Градот Скопје ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, соопштија попладнево. „Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина“, велат од…

Read More