Author: Соња Крамарска

Преживеаните раскажуваат за „кошмарни 10 секунди“ кога нивниот вагон се превртел и бил зафатен од пламен во несреќа во централна Грција. Најмалку 40 лица загинаа, а десетици други се повредени во директен судир на два воза синоќа во близина на градот Лариса. Предните вагони на патничкиот воз се главно уништени. „Слушнавме голем удар“, рече 28-годишниот патник Стергиос Миненис, кој скокна на безбедно од искршениот вагон. „Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страните и додека не престана метежот. Потоа настана паника. Кабли, пожар. Пожарот беше моментален. Додека се превртувавме, горевме. Огнот беше десно и лево“, беше цитиран Миненис од…

Read More

Промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“, на Џабир Дерала, што се одржа на 24 февруари, една година од почеток на руската агресија врз Украина, како дел од истоимениот настан што опфаќаше и конференција, изложба на фотографи и промоција на филм, ги истакна 365 дена на неизмерното зло врз украинскиот народ од рускиот агресор наспроти хероизмот и жестоката борба за слобода за Украина, но и за целиот свет. Публикацијата ја промовираше новинарот Зоран Иванов, кој ја истакна хуманоста, пожртвуваноста и борбата за факти и вистини на авторот Џабир Дерала. „На годишнината од руската агресија врз Украина, документ со погледи и анализи, колумни,…

Read More

Нивото на доверба на македонските граѓани во Европската Унија е на рекордно ниско ниво, покажа анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“. „Ние ова го следиме седум години секоја година по ред. Она што може да се заклучи е дека поддршката на луѓето за влез во ЕУ е на рекордно најниско ниво, односно последниве три години го држи дното со горе-долу некои статистички незначителни разлики. Тоа е едната работа и тоа е она што го констатираат и другите истражувања“, изјави Марко Трошановски, директор на Институтот…

Read More

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска од Струга порача дека не се задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства, укажувајќи дека иако Владата го зголемила финансирањето, идејата на децентрализација е поголема финансиска самостојност на локалните самоуправи. Прашан за финансиската состојба во општините, по потпишувањето на договорот за реконструкција на ЈЗУ Завод за Нефрологија во Струга, Пенов забележа дека состојбата не е страшна бидејќи државата платила половина од нивните долгови. „Состојбата сега не е толку страшна, каква што била, бидејќи пред две – три години на сите општини и јавни претпријатија 50 отсто од долговите им…

Read More

Приватните превозници ги враќаат автобусите на линиите по постигнатиот договор со Град Скопје. Претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, за „Макфакс“ посочува дека по 20-ти овој месец, тие ќе почнат со работа. „Решение има за линиите. Ќе се пуштат пакетите со линии, односно сите линии ќе учествуваат на јавниот повик. Дојдени сме до целта дека Град Скопје сака да соработува со нас“, посочува Зафировски за „Макфакс“. Договорот е дека Град Скопје огласот ќе треба да го распише најдоцна до понеделник, на кој тие ќе аплицираат. „Ние сме останати без работа, тоа е најголемиот мотив. Четири месеци сме без работа. Штетата…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на маргините на Економскиот форум во Скопје се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти. На средбата се дискутираше за повеќе теми, меѓу кои за напредокот на взаемната соработка, како и идните чекори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји. Ковачевски му пренесе на косовскиот колега дека Северна Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена за давање придонес во таа насока, како и дека активно го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка. Премиерот, исто така, го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на ЕУ предлогот за нормализирање на односите меѓу…

Read More

Корисниците на социјалната мрежа Твитер пријавиле проблеми со работата на оваа платформа. Иако е можно да се најавите на главната страница, после тоа се прикажува само вчитувањето. На веб-страницата Down Detector, каде што е можно да се видат пријавените проблеми на корисниците ширум светот, забележливо е зголемување на бројот на корисници кои не можат да користат Twitter, а како што покажува графиконот, првите извештаи започнаа неколку минути пред 11 часот. Можно е да објавувате, како и да го гледате вашиот сопствен профил, но твитовите во реално време не се прикажуваат.

Read More

Со официјално обраќање, премиерот Димитар Ковачевски го отвори вториот Економски форум во Скопје, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија. На Форумот присуствуваа влијателни личности од земјава и регионот, претставници на политичкиот и економскиот живот, меѓу кои, претставникот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници од бизнис секторот. За време на Форумот се одржуваат серија панели, на кои ќе се зборува за руската агресија врз Украина, пристапот на Балканот во ЕУ, енергетската перспектива во регионот, инвестициите…

Read More

Пекарниците утрово ја остварија заканата дека нема да испорачуваат бел и полубел леб во маркетите, како нивен одговор на одлуката на Владата да ја замрзне цената на овие производи на најмногу 33 денари. Уште вчера попладне најголем дел од пекарниците доставиле допис до маркетите дека денеска нема да испорачуваат леб. По овој потег се очекува реакција на институциите. Вчера, министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека доколку дојде до ваква ситуација, државата и инситуиите имаат механизмите кои може да ги активираат и употребат. „Ние како Министерство за економија и Влада имаме механизми да донесеме заклучоци за другите институции, кои треба…

Read More

Судирот меѓу патнички воз и товарен воз што синоќа се случи во Грција во областа Евангелизам, кај Темпи, се претвори во национална трагедија. Во оваа несреќа загинаа 38 лица, од кои осум тела се пронајдени јагленосани. Во оваа најголема железничка несреќа во Грција, спасени се 130 лица, од кои 66 се задржани на болничко лекување во Лариса, Катерини и Солун. Грција го доживеа најголемиот шок откако се дозна дека меѓу загинатите има многу деца и студенти кои се враќале од Лариса и Атина на Универзитетот во Солун. Меѓу жртвите има и 9 работници во грчките железници. Она што е особено…

Read More

Реконструкцијата на Владата ќе придонесе за поефикасна работа на Собранието, а седницата можеше да трае покусо ако не беа говорите од опозицијата во кои се говореше за се освен за самата реконструкција, изјави премиерот Ковачевски. „Реконструкцијата е на располагање на секој премиер и на секоја Влада и јас го направив тоа согласно закон и согласно Устав. Тоа што опозицијата преку бесмислени говори пријавени во реконструкцијата го прават, иако имаат право демократско да го прават, меѓутоа таму за се се зборува, освен за реконструкција. Сметам дека дискусиите можеа да бидат и пократки и поконзистентни и реконструкцијата да заврши побрзо“, рече денес…

Read More

Во Србија бројот на пристигнувања на туристи е зголемен за 18,8 отсто, а на ноќевањата за 12,3 отсто во однос на јануари лани, објави денеска Републичкиот завод за статистика на оваа соседна земја. Во јануари имало повеќе од 111.000 странски гости, а најбројни биле оние од Русија (14.462), потоа од Северна Македонија (10.383) и Босна и Херцеговина (9.436). На Копаоник, имено, пад на гости има повеќе од 14 отсто, пад е забележан и на Тара, Фрушка Гора, Стара планина, Голија, додека Златибор има пораст од 24 отсто. Солидно зголемување на бројот на туристи во текот на јануари имаа и Врањска…

Read More