Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерала со книга за украинскиот хероизам наспроти неизмерното зло

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2023 15:28

Промоција на публикацијата „Украина-Година на хероизмот“, на Џабир Дерала, што се одржа на 24 февруари, една година од почеток на руската агресија врз Украина, како дел од истоимениот настан што опфаќаше и конференција, изложба на фотографи и промоција на филм, ги истакна 365 дена на неизмерното зло врз украинскиот народ од рускиот агресор наспроти хероизмот и жестоката борба за слобода за Украина, но и за целиот свет.

Публикацијата ја промовираше новинарот Зоран Иванов, кој ја истакна хуманоста, пожртвуваноста и борбата за факти и вистини на авторот Џабир Дерала.

„На годишнината од руската агресија врз Украина, документ со погледи и анализи, колумни, тука во неа е збран и тимот на неговиот ЦИВИЛ, на тие неуморни космополити, следбеници на философијата на правда, за мир, за еднаквост, за човечност“, рече Иванов.

„Ова е книга за тоа како го доживеавме хероизмот наспроти неизмерното зло, нѐ упатува авторот Дерала во мноштвото авторски текстови на темата, на настаните пред настаните, на денот пред почетокот на агресијата и натаму преку хронологијата, ден по ден, од првиот до 365 ден, преку неговите погледи, ставови, неговите фактографски и неговите аналитички приоди…“, изјави Зоран Иванов на  промоцијата на книгата.

Дерала се заблагодари на своите колеги од ЦИВИЛ и од редакцијата Фронтлајн, кои од почетокот на руската инвазија врз Украина, работеле и работат на тоа да ги донесат фактите и вистината за тоа што се случува во Украина.

„И оваа е една линија на фронтот во која гинат фактите и вистината“, истакна Дерала.

„Оваа книга е скромен обид да се бориме против дезинформациите и пропагандата кои нанесуваат тешки последици за Украина, но и по Европа и по светот. Ве молам, ако дојдете до оваа книга и до страница 101, прочитајте ја колумната за малата Тања од Мариупол, која почина под урнатините на својот град, под рускиот ракетен терор, покрај мртвото тело на својата мајка. Умре од дехидрација, по неколкудневно жедување, во урнатините. За да ја напишам таа колумна, ми требаа долги часови истражување, што претставува ‘дехидрација’ и како се умира од неа. И тоа е една реконструкција на смртта на едно 6 годишно девојче“, рече Дерала.

Публикацијата е објавена на 383 страници и содржи колумни и анализи на авторот, како и своевиден регистар на 365 воени денови за Украина и светот.

 

„Украина-Година на хероизмот“ книга Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.