Author: Соња Крамарска

Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Јешиљурт во Малатија, Турција. Според информациите на весникот Хуриет, едно лице загинало, а 69 се повредени. Спасувачите трагаат по татко и ќерка кои се заробени под урнатините. Новиот земјотрес во Турција предизвика уривање на веќе оштетени згради. Повредени се работници, но и граѓани кои влегле во нивните оштетени домови за да го подигнат она што останало од работите, пишува Хуриет. Според АФАД, акцијата за спасување е во тек во пет објекти. „Од земјотресот во Мараш, речиси на секои три минути се соочуваме со последователни потреси. Постојано им…

Read More

Ковачевски, Бочварски и градоначалникот Арбен Таравари денес во Гостивар доделија клучеви од нови домови на 45 семејства од социјално ранливи категории. „Да имаш топол дом, покрив над глава за своите деца, за семејството значи многу и навистина сум среќен што денеска сите заедно, овде во Гостивар ја споделуваме среќата на 45 семејства, на кои  им врачуваме клучеви од нивните домови“, рече премиерот. Ковачевски дополни дека во изминатите четири години се изградени или се во фаза на изградба 864 социјални станови. Досега освен овде во Гостивар, распределени се станови во Македонски Брод, Струмица, Пробиштип, Виница, Свети Николе. Становите се доделуваат веднаш…

Read More

За Рацин.мк Тони ПОПОВСКИ Неодамна беше објавено рангирањето на 165 независни држави и две територии во Индексот на демократија за 2022 година на влијателниот магазин Економист. Ние сме рангирани во групата на „демократии со недостатоци“ заедно со најголемиот дел од државите во поблискиот регион, сочинет од  наши соседи и нивни копнени соседи, меѓу кои и 6 држави членки на ЕУ.  Исклучок се Босна и Херцеговина и Турција кои се рангирани како хибридни режими. Во академската средина не постои консензус за тоа како треба да се мери демократијата, но сепак овој композитен индекс на Економист поради неговата комплексност, се смета за…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гостивар имаше кратка средба со градоначалникот Арбен Таравари. Премиерот и градоначалникот зборуваа за проблемите со кои се соочува општина Гостивар и за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. „Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат“, се наведува во соопштението на владината прес служба. Ковачевски и Таравари на состанокот уште…

Read More

Вицепремиерот Бојан Маричиќ информира дека неделава започнува скрининг за три поглавја. „Очекуваме кон крајот на март или почетокот на април да излезе извештајот од скринингот и од него ќе произлезе листа на задачи“, рече тој во гостување во ТВ24. За неуспехот на одредени реформи, Маричиќ вели дека објаснил во Брисел зошто е таков исходот. „Велам дека тоа пред се е недостаток на политичка волја кај опозицијата, објаснуваме дека треба двотретинско мнозинство за избор на совет во МРТ и АВМУ… Процесот на евроинтеграција повеќе пати бара двотретинско мнозинство, не ни треба такво мнозинство само за уставни измени, денеска е АВМУ, утре…

Read More

Од Берлин за Рацин.мк Слаѓан Пенев По две пандемиски години со хибридни изданија, годинешново 73-то издание на Берлинскиот филмски фестивал на најубав начин им се оддолжи на филмските автори и на филмската публика со организирање извонредна прослава на филмската уметност, во која беа прикажани над 400 филмови, беа поставени нови рекорди на посети на филмските претстави и на учесници на филмскиот маркет, со присуство на големи филмски имиња на секој фестивалски ден на црвениот тепих на Берлинале, со мисија за откривање нови таленти, со диверзитетот на теми и со јасните политички пораки за слобода на говорот и за…

Read More

Речиси 50.000 граѓани имале бруто доход од над еден милион денари, додека најголемиот дел, вкупно 623.690 лица остварил бруто доход од 100.000 до еден милион денари. Ова се официјалните податоци кои директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ги презентира според податоците од годишната даночна пријава за 2021 година. „Во однос на 2020 година, во 2021 година зголемен е бројот на граѓани, односно 25 граѓани оствариле приход над 100.000.000 денари, а 757 граѓани од 10 до 100 милиони денари. На врвот на листата со годишен бруто доход од 244,3 милиони денари за 2021 година е граѓанин…

Read More

Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен. Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, кој е само еден во долгата низа промени на високи државни официјални претставници кои ги нареди претседателот на Украина. Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и претреси низ целата земја, по што следеа бројни отпуштања на високо позиционирани функционери. Засега не се знае дали отпуштањето…

Read More

Македонските каратисти викендот на меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија, освоија вкупно 30 медали од кои 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали. „Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца 10 години. Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2…

Read More

Далмација е осечена од остатокот од Хрватска, посебно Лика и Горски Котар, кои ги погодија интензивни врнежи од снег, силен ветер и предизвикаа целосен колапс на сообраќајот. Утрово, нема слободен патен правец за ниту една група возила од Далмација кон внатрешноста и обратно. Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Затоа беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот. Хрватските медиуми пренесуваат дека најмалку 25 возила ја игнорирале забраната и влегле во…

Read More

Министерството за економија до Владата достави предлог за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија. Како што соопшти Министерството за економија, според нивните анализи, голем дел од компаниите што користеа субвенционирана електрична енергија од „ЕСМ Продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, не ги намалиле цените на основните прехранбени производи. Врз основа анализата и податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија е да се укине мерката за сите компании од прехранбениот сектор. „Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните…

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации во прилепската болница почина на скопските клиники. Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје…

Read More