Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлинале успешно се одржува на врвот на најрелевантни светски филмски фестивали

0
By Соња Крамарска on February 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 13:00

 

Од Берлин за Рацин.мк Слаѓан Пенев

 

По две пандемиски години со хибридни изданија, годинешново 73-то издание на Берлинскиот филмски фестивал на најубав начин им се оддолжи на филмските автори и на филмската публика со организирање извонредна прослава на филмската уметност, во која беа прикажани над 400 филмови, беа поставени нови рекорди на посети на филмските претстави и на учесници на филмскиот маркет, со присуство на големи филмски имиња на секој фестивалски ден на црвениот тепих на Берлинале, со мисија за откривање нови таленти, со диверзитетот на теми и со јасните политички пораки за слобода на говорот и за демократија.

Независно од разните теории за нова криза на киното, овој пат поради влијанието на стриминг платформите кои овозможуваат најнови филмски дела да се гледаат во домашна атмосфера и социјалните мрежи кои создаваат поинакви навики за гледање пократки видео содржини кај поновите генерации, овој фестивал го покажува токму спротивното – брзо распродавање на билетите за проекции на филмови од и не толку атрактивни жанрови или не многу препознатливи филмски автори и национални кинематографии.

Онлајн продажбата на билети покажуваше дека и филмови кои не се ставени во некоја од пореномираните програми на фестивалот бргу беа распродадени, особено ако беа на репертоарот на некое од кината во централниот дел на Берлин (на просторот помеѓу Зоолошката градина на запад, Александар Плац на север, Потсдамер Плац на југ и на Мерцедес арената на исток). За дел од филмовите беа организирани и по десет проекции и ретко се забележуваше празно место во кино салите.

Главната компетитивна програма имаше 16 долгометражни филмови, од кои еден документарен (францускиот филм „На Адамант“, кој ја доби главната награда Златна мечка за најдобар филм) и два анимирани. Најголем дел од филмовите во оваа програма беа европски, четири филма беа од Северна Америка, три од Азија и два од Австралија, додека седумчленото жири предводено од американската актерка Кристен Стјуарт ги додели сите осум награди на осум европски филмови.

Во програмата „Средби“, која ги промовира авторските и независните филмови, исто така беа прикажани 16 филмови, од кои 5 документарни, а и во оваа програма доминираа европските филмови со над 10 претставници. Додека, во една од омилените програми на публиката на Берлинале, „Панорама“ беа избрани 35 филмови, со најразновидни теми и пристапи.

Годинава фестивалот даде поддршка на филмските автори од Украина и Иран, не само со прикажување филмови во главните програми на фестивалот, туку и организирање пригодни настани, помош за филмски копродукции и финансиери на филмови како и вмрежување. Претставници од овие две земји беа членови на жиријата, презентери и специјални гости на важни настани во рамки на фестивалот, добивајќи можност пред присутната публика да упатат пораки за поголемо солидаризирање со нивните каузи.

Посебно место и една од посимпатичните програми беше ретроспективата „Млади во срцето филмови за созревањето“, на филмови кои имаат еден заеднички именител – созревање/иницијација (coming of age), а изборот на филмови го направија дваесетина истакнати филмски творци, меѓу кои и Мартин Скорсезе, Вес Андерсон, Рјусуке Хамагучи, Тилда Свинтон, Жилиет Бинош, Итан Хоук, Вим Вендерс, Јасмила Жбаниќ итн.

Младите како главна целна група во кино салите беа привлечени и со 50-тина кратки и долги филмови од програмата „Генерација“ (со потпрограми „Генерација 14плус“ и „Генерација Кплус“), а оваа година за првпат се одржа избор на награда за најдобра ТВ серија, како дел од програма која прикажуваше во две епизоди од седум серии номинирани за наградата на Берлинале. Првата награда во оваа компетиција ја доби италијанската серија „Добри Мајки“, а специјална награда доби норвешката серија „Архитект“.

Европскиот филмски маркет (ЕФМ), како еден од главните сегменти на Берлинале, забележа рекордни резултати со 230 штандови на кои се претставија 612 компании од 78 земји, а на маркетот беа присутни 11.150 учесници од 132 земји. Во рамките на маркетот беа прикажани 773 филмови на 1.533 филмски проекции, меѓу кои 647 онлајн прикажувања и 599 премиери.

Со буџет од околу 32 милиони евра, од кои околу 13 милиони евра поддршка од Сојузната германска влада, Берлинале успешно се одржува на врвот на најрелевантни светски филмски фестивали. Стотици филмови по премиерата во Берлин го почнуваат својот поход по фестивалите на сите континенти, а дел од нив ќе бидат прикажани и на некои од македонските фестивали.

 

Слаѓан Пенев е филмски критичар и селектор на официјалната натпреварувачка програма на ИФФК „Браќа Манаки“

Берлинале Берлински филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.