Author: Соња Крамарска

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината. „РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена…

Read More

Во Собранието денеска продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање. За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. На вчерашната изјава за јавниот радиодифузен сервис на првиот вицепремиер Артан Груби, кој упати понуда до опозициската ВМРО-ДПМНЕ прво да се донесат уставните промени, па потоа да се оди на предвремени парламентарни избори, денеска од собраниската говорница одговори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, денеска, присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на втората фабрика на германскиот фармацевтски гигант „Герејсхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона-2, Скопје.  На настанот присуствуваа и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, како и Ото Граф, привремен амбасадор на Германија. Во новата фабрика на „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло, шприцеви за вакцини и фармацевтски продукти за потребите на светски фармацевтски реномирани компании. Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските…

Read More

Од денешната конференција насловена како „Украина – година на хероизмот“ беа испратени пораки за поддршка до народот во оваа држава, и уште еднаш беше потенцирана осудата на чинот од Москва која со инвазијата над Украина изврши преседан во меѓународното прави и ги загрози поредокот и безбедноста не само на регионот туку и на европскиот континент и на светот. Во името на организаторот, невладината Цивил, нејзиниот претседател Џабир Дерала поздравувајќи ги присутните оцени дека Кремљ руската инвазија ја имаше замислено како неколкудневна „прошетка“  за Украина да падне под руска чизма, но тоа не се случило. „Путин својата војна ја нарече специјална…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поканил Владимир Зеленски да учествува на самитот на Алијансата овој јули во Вилнус. „Го поканив Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус во јули. Навистина се надевам дека ќе може лично да присуствува, но, се разбира, тоа ќе зависи од ситуацијата“, изјави Столтенберг за новинарите при посетата на Талин. Според него, позицијата на НАТО за членството на Украина во Алијансата останала непроменета. Многупати сме изјавиле дека Украина ќе стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е првиот чекор кон обезбедување на зачувување на Украина како независна нација“, објасни генералниот…

Read More

Без разлика што сите училишта ги смениле меил адресите, по подолготрајните закани односно дојави за поставени експлозивни направи во објектите, тие и понатаму добиваат вакви дојави. „МВР по секоја лажна пријава за бомба, постапува согласно законот и постапките за антитероризам. Се води секогаш истрага за пријавата  на лажни бомби. Таа истрага покажува првични интересни податоци кои не можам да ги коментирам оти се дел од истрага и коишто не може со точност да се знае со каков финален ефект ќе завршат. И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на…

Read More

„Во согласност со член 51 од Дел 7 од Повелбата на ОН, со одобрение на Советот на Федерацијата на Русија, решив да започнам специјална воена операција“. Со овие зборови рускиот претседател Владимир Путин ја започна крвавата војна што Руската Федерација ја води против украинскиот народ. Во првите моменти Путин нагласи: „Не ни останува друга опција да ја заштитиме Русија и нашиот народ, освен онаа што ќе бидеме принудени да ја користиме денес. Ситуацијата бара од нас да преземеме решителна и итна акција“. „Нашите планови не вклучуваат окупација на украински територии, никому ништо нема да наметнуваме со сила“, рече Владимир Путин.…

Read More

На 1 март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, на изложбата ќе биде претставен сликарскиот опус на Петар Лубарда, најзначајниот уметник…

Read More

Вашингтон најави дополнителна воена помош за Украина, во износ од две милијарди долари. „САД најавуваат дополнителна воена помош од две милијарди долари за Украина“, изјави синоќа за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој не зборуваше за деталите за новите испораки најавени за годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина. Саливан потсети дека американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на неговата посета на Киев, му ветил на својот украински колега Володимир Зеленски повеќе артилерија, повеќе муниција и повеќе системи HIMARS.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја одбележа првата годишнина од руската инвазија на неговата земја со пркосна порака, нагласувајќи дека Украинците на крајот ќе победат. Во видеото објавено во медиумите и насловено „годината на непобедливоста“, Зеленски (45) седнува на маса и се присетува како им се обраќал на Украинците пред една година, во време кога Киев и светот беа потресени од руската инвазија. „Пред една година на денешен ден, од истото место околу седум часот наутро, ви се обратив со кратка изјава, која траеше само 67 секунди“, рече тој во петнаесетминутниот говор, со свечена музика во позадина. „…Ние сме силни.…

Read More

По повод една година од почетокот на руската инвазија над Украина денеска во Домот на АРМ, во организација на невладината организација Цивил и украинската амбасада, во 11 часот ќе почне конференцијата „Украина – година на хероизмот“. На конференцијата учествуваат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, како и други министри во Владата, амбасадори и дипломати од повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество. Вкупно 26 говорнички и говорници се предвидени во богатата агенда на настанот во организација…

Read More

Со антиалбанската реторика, ВМРО-ДПМНЕ си наштетува себеси, бидејќи по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка, порача лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Таравари во гостување во емисијата „Аргумент“ на вториот канал на јавниот сервис рече дека со „антиалбанскиот вокабулар“, кој, според него, освен ВМРО-ДПМНЕ го користи и Левица, се создава една општа атмосфера дека Албанците се тие што ја кочат државата, дека сакаат да го сменат Уставот по секоја цена или дека се однесуваат како да се против Македонците. Зборувајќи за обвинувањата кои ВМРО-ДПМНЕ ги упати кон партиите на Албанците, особено кон ДУИ и…

Read More