Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Со својата антиалбанска реторика ВМРО-ДПМНЕ по следните избори нема да може да најде албански партнер

0
By Соња Крамарска on February 23, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2023 15:07

Со антиалбанската реторика, ВМРО-ДПМНЕ си наштетува себеси, бидејќи по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка, порача лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Таравари во гостување во емисијата „Аргумент“ на вториот канал на јавниот сервис рече дека со „антиалбанскиот вокабулар“, кој, според него, освен ВМРО-ДПМНЕ го користи и Левица, се создава една општа атмосфера дека Албанците се тие што ја кочат државата, дека сакаат да го сменат Уставот по секоја цена или дека се однесуваат како да се против Македонците.

Зборувајќи за обвинувањата кои ВМРО-ДПМНЕ ги упати кон партиите на Албанците, особено кон ДУИ и кон Алијансата за Албанците, Таравари вели дека оваа „руски контролирана партија“ има цел да го претстави во јавноста како радикален и корумпиран политичар.

„Имаат две цели со таа руска пропаганда – едната е да го претстават Таравари како радикален, како националист, шовинист, ултранационалист, а втората – дека сум корумпиран. Треба да знаат дека неколку пати сум кажал оти не сум човек што дозволува да биде уценуван и не можам да бидам корумпиран. Во моментот кога ќе ме уценуваат, нема да се занимавам со политика, одам во пензија“, рече лидерот на Алијансата.

Во оваа насока, Таравари нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ја искористила неговата изјава дека ако уставните измени не бидат изгласани ќе дојде до радикализација за да го обвини дека сака дестабилизација и војна.

Арбен Таравари ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.