Author: Соња Крамарска

Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија. Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција. Меѓу донаторите имало турски политичари, државни институции и граѓани, јави Анадолија. Турската централна банка беше најголемиот донатор, која вети 1,6 милијарди долари, додека банките Зираат и Вакиф донираа 1 милијарда и 637 милиони долари. Во акцијата учествуваа речиси сите турски филмски и телевизиски актери кои…

Read More

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија од силниот земјотрес минатата недела, се искачи над 40.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 35.418 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди југоисточниот град Кахраманмарас на 6 февруари, што го прави најсмртоносниот земјотрес во историјата на Турција. Осум дена по земјотресот, спасувачките екипи продолжија да наоѓаат преживеани од урнатините во вторникот, вклучително и една жена под остатоците од станбена зграда во градот Антакија. Турската телевизија емитуваше сцени од спасувањето, но експертите предупредија дека шансата за спасување се затвора, за да се најдат…

Read More

Меѓусебни обвинувања, реплики и контрареплики, го одбележаа денешното претпладневно второ продолжение на 104. собраниска седница. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите околу владината коалиција и реконструкција. Според ВМРО-ДПМНЕ, новото парламентарно мнозинство нема да биде стабилно, а целта на реконструкцијата е само да се продолжи рокот на Владата уште 10 месеци. СДСМ, пак, порача дека новото и поголемо парламентарно мнозинство ќе овозможи посигурни услови за реформи и економски политики, а ВМРО-ДПМНЕ само блокира, опструира, шири лаги и манипулации зашто ниту едно нејзино црно сценарио не успеа – има струја и нафта, има топлинска енергија за скопјани, двете стратешки одредници се случуваат сега,…

Read More

Иако НАТО сојузниците се во трка да ѝ помогнат на Украина во нејзината одбрана од руската агресија, истовремено прави силни напори да ги надополни сопствените резерви на оружје, муниција, опрема и воени материјали. Тоа е една од поентите на денешната прес конференција на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, по завршувањето на состанокот на министрите на НАТО во Брисел кој започна вчера и заврши денеска попладне. „Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во војната на Путин која самиот ја избра. Но никогаш нема да се поколебаме ниту во одбраната на Алијансата, нејзините народи и територијата“, рече Остин, истакнувајќи ја силната…

Read More

Путин не е заинтересиран за мир и не прави никакви чекори кон мир во Украина. Напротив, тој презема нови офанзиви, продолжува со воени дејствија. Затоа, повеќе тешко вооружување и повеќе обуки се главните обврски што ги преземаа министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел, на кој главен фокус е поддршката на борбата на Украина за слобода, информира, меѓу другото, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на (ЛИНК) прес конференцијата во 13 часот. „НАТО сојузниците се согласија на Украина да ѝ пружат воена поддршка без преседан“, рече Столтенберг. Тој ја извести јавноста дека заложбите кои ги најави пред почетокот на…

Read More

Американскиот претприемач Илон Маск „назначи“ нов извршен директор на Твитер – на функцијата „го постави“ своето куче од јапонската сорта Шиба Ину чие име воедно се користи и како назив за популарна криптовалута. Ова го објави самиот Маск на својата страница на социјалната мрежа. „Новиот извршен директор на ‘Твитер’ е одличен“, напиша тој. Според него, кучето по име Флоки е одлично со бројки и има свој стил на работа. Маск изрази уверување дека миленичето е „совршено за оваа работа“. Претходно, милијардерот ги опиша последните три месеци како исклучително тешки. Тој рече дека го комбинирал спасувањето на социјалната мрежа од банкрот…

Read More

Судот во Русија ја осуди руската новинарка Марија Пономаренко на шест години затвор поради осуда на Инстаграм на офанзивата врз Украина. Пономаренко (44) е прогласена за виновна за „ширење на лажни информации“ за армијата, соопшти рускиот Истражен комитет, кој ги води главните кривични истраги во Русија. Тоа кривично дело е воведено по руската инвазија врз Украина и неколку пресуди се донесени за јавно критикување на нападот и се изречени затворски казни. Новинарката Понамаренко е осудена од Судот во Барнаул, во сибирскиот Алтајски регион, каде работеше за порталот „РусЊуз“. Таа беше уапсена во април минатата година во Санкт Петербург, а потоа беше префрлена во Барнаул. Нејзиниот адвокат…

Read More

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на ставеното вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија. Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија. Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност. Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген…

Read More

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид ќе си го смени името за што веќе поднесе барање до Централен регистар за усогласување со измените во Законот за здруженија и фондации, јави Телма. Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола на ден пред истекот на рокот, нема доставено барање за измени, потврдија за Телма од Централен регистар. „До Централен регистар на 10.02.2023 година е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид со измените и дополнувањето на Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето сè уште e…

Read More

Владата ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за набавка на лекот Трикафта за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок. Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек. За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите…

Read More

Утре 16-ти февруари во Стразбур ќе биде објавена одлуката на тамошниот Европски суд за човекови права (ЕСЧП) за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за предметите во кои се засегнати поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други. Во објавата на Судот се наведува дека „подносители на жалбата се седуммина Македонци/граѓани на Република Северна Македонија и еден Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија кој исто така е и албански државјанин“. Европскиот суд треба да даде одговор дали предметите на поранешно СЈО ќе преживеат и дали кривичното гонење било оправдано или…

Read More

Повеќе од седум милиони деца се загрозени по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), и изрази стравување дека настрадале неколку илјади деца. „Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца“, рече анонимен портпарол на УНИЦЕФ на редовната прес-конференција во Женева. Во Турција и Сирија загинаа над 37.000 луѓе.

Read More