Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид ќе го смени името, од „Иван Михајлов“ сè уште не поднеле барање

0
By Соња Крамарска on February 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 15, 2023 13:07

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид ќе си го смени името за што веќе поднесе барање до Централен регистар за усогласување со измените во Законот за здруженија и фондации, јави Телма. Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола на ден пред истекот на рокот, нема доставено барање за измени, потврдија за Телма од Централен регистар.

„До Централен регистар на 10.02.2023 година е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид со измените и дополнувањето на Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето сè уште e во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање“, информираат од Централен регистар.

Измените на Законот за здруженија и фондации беа усвоени лани во ноември, по лавина реакции во јавноста затоа што бугарските здруженија користат имиња на контроверзни личности, докажани соработници на фашистите.

Според измените, Здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на личности кои по било која основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на фашизам и нацизам.

Ако здруженијата до 16 февруари не направат усогласувања со измените во Законот, тогаш треба да заседава и да се произнесе Комисијата за употреба на имиња и ставот да го достави до министерот  за правда, кој пат во рок од еден месец, односно до 16 март треба да донесе решение. Доколку е негативно, здружението ќе се избрише од Централен регистар.

 

„Иван Михајлов“ „Цар Борис Трети“ бугарски клубови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.