Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Наметнувањето дополнителни услови за Бугарија за нејзино влегување во Шенген зоната е „неправедно“ во однос на напорите што ги прави земјата, изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, пренесе агенцијата Анадолија. За време на прес-конференција, новинар го потсети дека Австрија и Холандија се против учеството на Бугарија во Шенген. Тогаш Шефчовиќ истакна дека и Бугарија и Романија се соочуваат со иста ситуација, додавајќи дека двете земји прават се што е можно за да се подготват за членство. Беше покренато и прашањето за повеќе земји кои предлагаат можност за изградба на ѕид за заштита на надворешните граници. Како одговор, Шефчовиќ рече…
Христијан Пендиков, кој беше повреден во тепачка во Охрид, и Бугарија го „евакуираше“ со авион на лечење во Софија, од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија. Тоа денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, рече Милков. Пендиков вчера беше отпуштен од Военомедицинската академија во Софија и веднаш беше примен од претседателот Румен Радев. Тој најави дека Пендиков ќе има и средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, „на која…
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, по разговорите во Белград и Приштина, објави дека му е мило што Косово „во принцип го прифати предлогот на Европската унија“ и најави продолжување на разговорите на високо ниво. „Отпатував во Приштина за да се сретнам со премиерот Албин Курти и вицепремиерот Бесник Бислими и во Белград, каде што се сретнав со српскиот претседател Александар Вучиќ и Петар Петковиќ. Мило ми е што и Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, објави Лајчак на Твитер. Лајчак синоќа…
Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони Надал, проговори за кариерата на шпанскиот тенисер и неговото ривалство со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. „Рафаел се уште е во добра форма и ќе ја продолжи кариерата се додека е во вистинската состојба. А сега му требаат уште три до четири недели да одмори и да закрепне од повредата на бутен мускул. Ќе биде тешко да се заврши пред Ѓоковиќ по бројот на грен слем титули бидејќи Новак е посвеж. Рафаел има шанса на Ролан Гарос, па ќе видиме. Вака или онака, борбата против толку голем шампион, а тоа е Ѓоковиќ, ќе биде тешка“, ги…
Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција е најсилниот во таа држава во повеќе од 80 години. „Ова е најсилниот земјотрес регистриран во Турција од 1939 година“, се вели во извештајот објавен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA). Во извештајот се наведува дека тимовите за одговор при итни случаи од Обединетите нации за проценка и координација при катастрофи (UNDAC), Меѓународната советодавна група за пребарување и спасување (ИНСАРАГ) и тимовите за итна медицинска помош на Светската здравствена организација (ЕМТ) се мобилизирани во Турција за да помогнат во…
Информираме дека деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција), го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и на пат се кон Анкара, јави утринава македонското Министерство за надворешни работи. Во организација на амбасадата на Македонија во Анкара, со две возила, учениците денеска ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двата ученика…
Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица испратија специјализирана екипа пожарникари во Турција. Тетовските пожарникари, кои се обучени за давање помош при елементарни непогоди, ќе помагаат во пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините по вчерашниот катастрофален земјотрес. „Во знак на солидарност и поддршка, испраќаме група од деветмина лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово. Екипата е опремена со противпожарна опрема и опрема за пребарување и спасување. Тие заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од општина Тетово. Градоначалникот Билал Касами изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес.…
Во серијата земјотреси во Турција и Сирија загинаа 4.890 луѓе, според новиот биланс на загинати денеска објавени од официјалната турска хуманитарна организација Афад. Во Турција загинаа 3.381 лице, додаде организацијата, која не го прецизираше новиот број на повредени. Во претходниот извештај пред неколку часа, организацијата Афад наведе дека во Турција и соседна Сирија загинале 4.365 лица, додека во Турција имало 15.384 повредени. Турција вчера беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Првиот земјотрес се случи во 4:17 часот по локално време, во областа Пазарчик, провинцијата Караманмарас, на околу 60 километри од границата со Сирија. Следеа…
„Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и многу студено, односно променливо облачно со сончеви периоди. Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието“, вели за Нова метеорологот Славчо Попоски. Минималните температури, како што дополнува тој, на повеќе места ќе се спуштат до околу – 10 степени, некаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните високи планински предели и под – 15 степени. Максималните дневни температури пак исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата и ќе се…
Не стивнуваат реакциите после чествувањето на годишнината од роденденот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како понижувачки и неприфатлив односот на македонските власти кон бугарските граѓани кои дојдоа на границата со цел да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев, иако со навреди и понижувачки тонови се однесуваа кон македонската полиција. Претседателот Пендаровски денеска изјави дека односите меѓу двете земји се влошуваат и дека чествувањето на Делчев непотребно е искористено за подигање на тензии. „Сите што сакаа да присуствуваат беа добредојдени, но оние што се обидоа да ја нападнат полицијата заработија прекршочни…
„Бугарија денеска испраќа три генератори за електрична енергија на три гранични пункта со Република Северна Македонија“, изјави во Софија бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Трите генератори Демерџиев ги најави во саботата за време на престојот во Скопје по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по информациите дека бугарски граѓани не можат да ја поминат границата затоа што е паднат системот за проверка на лични документи поради прекин во напојувањето со струја. По минатотонеделниот состанок со наговиот македонски колега Оливер Спасовски, Демерџиев најави дека е можно до крајот на неделава да има нови…
Шест месеци откако беше избоден со нож во САД и беше на граница на смртта, британско-американскиот автор Салман Ружди го објавува својот нов роман „Град на победата“, „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот. Долгоочекуваното дело ја раскажува приказната за младото девојче сираче, Пампа Кампани, кое било надарено со магични моќи од божица и кое основала град во денешна Индија, Биснаг, што во превод значи Град на победата. 75-годишниот Ружди нема да го промовира својот 15-ти роман поради здравствена состојба, иако неговиот агент Ендрју Вајли за „Гардијан“ изјави дека…