Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силен антициклонски систем во Македонија ќе донесе температури до минус 15 и сув студ без снег

0
By Соња Крамарска on February 6, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2023 16:47

„Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и многу студено, односно променливо облачно со сончеви периоди. Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието“, вели за Нова метеорологот Славчо Попоски.

Минималните температури, како што дополнува тој, на повеќе места ќе се спуштат до околу – 10 степени, некаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните високи планински предели и под – 15 степени.

Максималните дневни температури пак исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од – 5 до плус 4 степени.

Врнежи од снег оваа седмица не се очекуваат што значи ќе имаме сув голем студ, нагласува Попоски.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Денес се уште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе спуштат во интервалот од – 7 до – 5 степени а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу – 1 и плус 2 степени.

Во следниот период ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде со слаб до умерен интензитет. Утре сеуште особено долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет. Исто така воздушниот притисок во следните денови ќе биде многу висок, што значи дека ќе бидеме под влијание на силен антициклонски систем, прогнозира Попоски.

 

временска прогноза Славчо Попоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.