Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Турција и Сирија откако земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди овие две држави утрово во еден од најсилните потреси кои го зафатиле регионов последните 100 години, пренесе Гардијан. Уште стотици луѓе се повредени додека бројот на жртви се очекува да расте додека итните служби и локалните жители се во потрага по преживеани лица под рушевините во градовите од двете страни на границата. Телевизиските снимки покажуваат шокирани луѓе кои стојат во снегот во нивните пижами, гледајќи ги спасувачките екипи кои копаат низ урнатините на уништените домови. Земјотресот се случил во 4:17 часот по…
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел до јавноста за мирно и достоинствено чествување на 4 февруари, денот на кој се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. „На 4 февруари кога се поклонуваме пред гробот на Гоце Делчев, се поклонуваме пред неговото визионерство за културен натпревар меѓу народите. Повикувам на достоинствено, мирно чествување на денот кога оддаваме почит на неговиот идеал за напредни општества, и за градење цивилизациски вредности“, порача Османи. Тој рече дека секој граѓанин на Република Бугарија, и на која било друга држава, е добредојден во Северна Македонија, но нагласувајќи и дека секој мора…
Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Министрите за здравство Беким Сали и за финансии Фатмир Бесими денеска одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот. Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а плановите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година. Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и…
Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021, соопштија од компанијата. Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија. Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна…
За замена на регистарските таблички на возилата со нови со ознаката НМК, граѓаните ќе плаќаат од 1 400 до 1 500 денари. Од нив, 200 денари се за нова сообраќајна дозвола, а 1 200 или 1 300 чинат новите таблички во зависност од нивната форма. Сопствениците на возила што имаат таблички со ознаката МК мора да ги заменат со нови заклучно со 12 февруари 2024 година. „Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблички во овластени станици за технички преглед каде што врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на…
Комисијата за надзор и одговорност на Претставничкиот дом ги истражува активностите на поранешниот американски државен секретар Џон Кери кој сега е специјален претставник на американскиот претседател за климатски промени и неговите преговори со кинеските власти. Ова произлегува од писмото испратено до Џон Кери од шефот на споменатата комисија, Џејмс Комер. „Комитетот ја истражува вашата улога во администрацијата на Бајден и природата на вашите преговори со Кинеската комунистичка партија“, се вели во документот, објавен на веб-страницата на комитетот. Како што објасни Комер, за одобрување на кандидат да биде специјален претставник на американскиот претседател за климатски промени не е потребно одобрение од…
Црквата „Свети Спас“ од денеска е под полициско обезбедување. Причина е чествувањето за роденденот на македонскиот револуционер „Гоце Делчев“, кое ќе се одржи в сабота на 4 февруари. На настанот покрај високи македонски претставници ќе дојдат и гости од Бугарија, што со оглед на претходните искуства и вжештената ситуација со случајот во Охрид, може да претставува безбедносен проблем.
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина. Фон дер Лајен е во Киев, каде што таа и други претставници на ЕУ се во посета за да ја покажат својата поддршка и воена, финансиска и политичка помош за Украина во пресрет на годишнината од руската инвазија. „Меѓународниот центар ќе го координира собирањето докази, ќе биде поврзан со заедничкиот истражен тим поддржан од нашата агенција Еуроправда“, рече таа. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во разговор со претседателот Володимир Зеленски ја истакна непоколебливата поддршка…
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија пред малку реагираше дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното Собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување. „Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање…
За струја по фиксна субвенционирана цена до АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се пријавиле уште 41 субјект, покажуваат податоците од последниот повик што заврши на 20. минатиот месец. Новопријавени се 21 компанија од прехранбениот сектор, 17 основни и средни училишта и три јавно комунални претпријатија, информираше денеска Виктор Андонов, соработник за енергетика во Владата. Андонов на прес-конференција посочи дека не се пријавени уште 80-ина основни и средни училишта од вкупно 475 во државата и апелираше да се искористат можностите што ги нуди Владата. Енергетскиот биланс за 1 февруари покажува дека вкупното домашно произвдоство на електрична енергија изнесува 19.172 мегават…
Косовскиот премиер Албин Курти наведе шест услови за прифаќање на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои и барањето таа да се формира по конечниот договор со Србија и да нема извршни овластувања. Првиот услов е Заедницата да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Косово, вториот е дека не може да биде еднонационална третиот е да и се смени името и четвртиот е да не може да има каква било јавна или извршна власт. Според Курти, ЗСО мора да служи на хоризонталната соработка на општините во согласност со Уставот и законот…
Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел. Во исто време, пратениците на СНС станаа, кои исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа тепачка, која траеше околу 15 минути, во салата влезе и собраниското обезбедување. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да и дозволат на опозицијата „да го…