Author: Соња Крамарска

„АКМИС системот во судовите и ‘Кејс менаџмент’ системот во јавното обвинителство се двете алатки кои ќе помогнат во детектирањето на лошите состојби и подобрување на ефиканоста на судството и обвинителството“, рече министерот за правда, Никола Тупанчески на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека овие два система, помогнати од Законот за управување со движење на предмети во судовите ќе се придонесе за точно да се знае во која фаза од постапката кој предмет се наоѓа. „Тоа е важно бидејќи ќе може да се следи судскиот предмет од иницијалната фаза до крајот каде се наоѓа и кои се причините…

Read More

„Годишно добиваме по околу 100 милиони евра само европски пари. Покрај тоа имаме и неколку клучни и стратешки партнери или донатори за развој, покрај ЕУ, како најголем и најважен инвеститор во нашиот развој, како што се САД, Велика Британија, Швајцарија, Шведска, Германија и други“, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на владината конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека идејата на Владата е да се продолжи со координација на донаторите и да се доведе во врска со националниот план за развој, со цел долгорочно да се определат приоритетите. „Секој донатор кога ќе дојде кај нас да има увид…

Read More

Холандската компанија „Филипс“ ќе отпушти околу 6.000 лица, што е осум отсто од вкупниот број вработени, поради непредвидени трошоци кои произлегуваат од повлекувањето од пазарот на медицинско помагало за лекување на проблеми со спиењето. Според Блумберг, половина од планираните отпуштања ќе бидат спроведени оваа година. Извршниот директор на компанијата Рој Џејкобс рече дека тоа е значајна мерка што мора да се преземе поради зголемените трошоци на компанијата. Повлекувањето на медицинскиот апарат за терапија со спиење почна во јуни 2021 година, откако истражувањата покажаа дека постои врска помеѓу апаратот и појавата на рак и респираторни проблеми. Тестовите кои ги спроведе „Филипс“…

Read More

„Ние сме во фаза на билатерален скрининг, којшто успешно се одвива и којшто треба да го завршиме оваа година. Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што зависи од нас. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, Северна Македонија да стане членка на Европската Унија“, рече премиерот Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој рече дека преговорите се почнати со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно за сите надвор, а рече дека се…

Read More

„Тешко е да се носат разумни одлуки во време на неразумни провокации. Но нечие однесување говори за личноста која го применува. Ако го спуштиме нивото, ако подлегнеме на тие провокации, коишто ја имаат оваа цел – ние тогаш сме изгубиле. Сме дозволиле да победат профитерите, популистите, луѓето без вредности, морал и етика. Сме оставиле простор на македонските непријатели“ рече шефот на Владата Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“ организирана од Владата. Тој додаде дека пред нас е година која што ќе ја тестира зрелоста на сите политички лидери и пратеници во македонското Собрание. „Ние сме мултиетничка граѓанска…

Read More

Вицепремиерката Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на Националниот молитвен појадок што ќе се одржи во Вашингтон, на 2 февруари 2023 година (четврток), информираат од прес службата на Владата. „Во рамките на посетата на САД, Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со сенаторката Џини Шахин, претседавач со Поткотмитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, како и со Ричард Нефју, координатор за Глобална антикорупција на Стејт департментот на САД“, се наведува во соопштението. Грковска ќе…

Read More

Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар Демостат. Повикувајќи се на свои дипломатски извори, Демостат додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на европската интеграција, запирање и повлекување на инвестициите, враќање на визите, додека аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд би бил…

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека повредата која ја здоби во 2. коло на Австралија опен ќе го отстрани од терените во следните шест до осум недели, што, најверојатно, значи негово враќање на стартот на сезоната на турнирите на земјена подлога. „Извршив прегледи во клиниката Кекнон Тенис во Барселона. Потврдена е дијагнозата од Мелбурн и времето потребно за рехабилитација останува исто“, објави Надал на Твитер. За време на Австралија опен лекарите на Надал му констатираа мускулна повреда за која не е потребен оперативен зафат. „Дополнителни прегледи ќе направиме за три недели и тогаш ќе видиме како напредува рехабилитацијата“, додаде освојувачот на 22. грен –…

Read More

На Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ЦИВИЛ како организација за човекови права потсетува на времето геноцидот врз европските Евреи за време на Втората светска војна, кога Помеѓу 1941 и 1945 година, нацистичка Германија и нејзините соработници систематски убиваа околу 6 милиони Евреи низ Европа окупирана од Германија. ЦИВИЛ потсетува дека и ова глобално зло, во кое на грозоморни начини им се одземале животите на милиони невини луѓе само затоа што нацистите и нивните соработници во нивната извртена и антисемитска идеологија сметале дека Евреите (и не само) се понизок облик на живот што ја „контаминира“ ариевската „чиста“ раса,  во самите почетоци…

Read More

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кога им се оддава чест на сите убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц пред 78 години, рече: „Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ“. „Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити сам себе. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели повторно да ни нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба што нашиот народ ја доживеа…

Read More

Софиското окружно обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, изјави за БГНЕС портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева. Христијан Пендиков поднел пријава до надлежните во Министерството за внатрешни работи во Бугарија за тоа дека на социјална мрежа му била испратена заканувачка порака на македонски јазик, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за насилство врз него. Надлежниот обивнител, како што се вели во написот на БГНЕС, побарал да се извршат проверки на наводите во пријавата. „Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза борбата против прекршоците од омраза,…

Read More