Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Тешко е да се носат разумни одлуки во време на неразумни провокации, но ако се спуштиме на нивно ниво ќе изгубиме

0
By Соња Крамарска on January 30, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 30, 2023 11:23

„Тешко е да се носат разумни одлуки во време на неразумни провокации. Но нечие однесување говори за личноста која го применува. Ако го спуштиме нивото, ако подлегнеме на тие провокации, коишто ја имаат оваа цел – ние тогаш сме изгубиле. Сме дозволиле да победат профитерите, популистите, луѓето без вредности, морал и етика. Сме оставиле простор на македонските непријатели“ рече шефот на Владата Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“ организирана од Владата.

Тој додаде дека пред нас е година која што ќе ја тестира зрелоста на сите политички лидери и пратеници во македонското Собрание.

„Ние сме мултиетничка граѓанска држава, успешна функционална мултиетничка демократија, пример во регионот и во Европа и со тоа што ќе додадеме некоја етничка заедница во Уставот, хрватска, црногорска, бугарска или кој како и да се изјасни дека се чувствува, ништо не губиме“, рече Ковачевски.

Премиерот подвлече дека во 2023 година очекува нов исчекор во европските интеграции, за кој верува дека може да се постигне бидејќи мнозинството граѓани во државата, како што рече, даваат доверба на проевропски политички субјекти.

„И оваа проевропска Влада што ја предводам, ќе продолжи да работи според очекувањата на мнозинството граѓани, а тоа се европски начин на живот дома и интеграција во Европската Унија. Оваа стратешка цел, поставена од независноста на државата и шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални од денес“, рече Ковачевски.

„Година на нови можности“ Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 7, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

ВЕСТИ June 7, 2026

 На 32. Програмски конгрес на СДСМ во Скопје, се обратија претставници од сестринските социјалдемократски партии…

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.