Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

0
By Соња Крамарска on January 27, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2023 13:55

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кога им се оддава чест на сите убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц пред 78 години, рече: „Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ“.

„Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити сам себе. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели повторно да ни нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба што нашиот народ ја доживеа за време на Холокаустот“, додаде израелскиот лидер во изјавата.

Тој изјави дека има „такви кои се уште повикуваат на уништување“ на Израел, но таа земја никогаш нема да дозволи „заканите на тираните да го заплашат“.

„Непријателот знае дека доколку е потребно Израел може и ќе се брани и нема да дозволи непријателот да може да го спроведе својот убиствен план дури и кога се обидува да развие најсмртоносно оружје“, рече Нетанјаху и најави дека еврејската држава ќе го запре тоа.

„Ние не забораваме, ниту им простуваме на злобните луѓе кои го негираат Холокаустот, на кои еден Холокауст не им беше доволен“, изјави премиерот на Израел, ветувајќи дека Израелците ќе останат будни, силни и никогаш нема да дозволат Холокаустот да се случи повторно при што од нацистите и нивните соработници беа убиени шест милиони Евреи за време на Втората светска војна.

Во Израел годинава Денот на сеќавање на Холокаустот посебно ќе биде одбележан на 17 и 18 април.

Според податоците од 2022 година, во Израел имало 161.400 преживеани од Холокаустот, со просечна возраст од 85,5 години и 1.000 постари од 100 години. Статистички гледано, околу 40 преживеани од Холокаустот умираат секој ден.

Бенјамин Нетанјаху Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.