Author: Соња Крамарска

Поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски денеска, на настан на кој учествуваше и Советот на амбасадори, упати критики за бавниот процес на евроинтеграциите на Западен Балкан. Новата методологија за преговори што ја предложи Франција, според него, нема резултати бидејќи процесот или стои во место или има симболичен напредок, а Македонија проблемот не треба да го гледа само од аспект на проблемот со Бугарија туку пошироко. Затоа, според Црвенковски, потребна е нова стратегија за евроинтеграциите за што, тој денеска промовира иницијатива која значи регионот да побара од Брисел пристап до заедничкиот пазар и европските фондови. „Ние земјите кандидатки за членство да…

Read More

Италија презеде чекори да спречи кинеска државна компанија да ја преземе контролата врз гигантот за производство на гуми Пирели. Одлуката е дел од мерките што ги објави владата на Италија за заштита на независноста на Пирели. Хемискиот гигант Синохем, контролиран од Пекинг, е најголемиот акционер на Пирели, со 37 отсто од акциите во 151-годишната фирма со седиште во Милано. Тоа се случува кога тензиите меѓу Пекинг и Западот се во фокусот додека американскиот државен секретар ја посети Кина. Пирели во изјава за инвеститорите соопшти дека италијанската влада одлучила дека само компанијата Камфин која е контролирана од шефот на Пирели, Марко…

Read More

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални се соочува со ново судење под обвинение за екстремизам што може да го држи во затвор со децении. Навални веќе отслужува деветгодишна затворска казна за „прекршување на условниот отпуст, измама и непочитување на судот“. Тој и неговите поддржувачи инсистираат дека неговото апсење и затворање во 2021 година било политички мотивирано. Најновото судење започна денес во казнениот затвор каде што тој се наоѓа, на 250 километри источно од Москва. Навални се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и создавање екстремистичка мрежа и финансирање екстремистичка активност, што би можело да му ја продолжи затворската казна до 30…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења за уништените американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина го доби како донација. Зеленски ноќеска беше дециден дека сè уште работат сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина. „Тие се уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана ‘Патриот’ не е уништен“, рече Зеленски, пренесува лондонски Гардијан. Се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ѝ гостува на Англија во рамки на 4. коло од група Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавија дека ќе вложат максимум да ја продолжат традицијата и да останат непоразени и во третиот натпревар на гостински терен против Англија. Во 2002 година, македонската репрезентација, предводена од тогашниот селектор Никола Илиевски, одигра 2-2 во Саутемптон, а четири години подоцна, под водство на Среќко Катанец, „црвено – жолтите“ ремизираа без голови во Манчестер. По воведните два натпревари во тековниот квалификациски циклус, македонската репрезентација…

Read More

За Договорот од Преспа, кој беше потпишан пред пет години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, познати се многу работи. Овој договор ги затвори долгогодишните отворени прашања околу името на Република Македонија со Грција и ги отвори вратите на нашата земја за членство во НАТО. Потпис на договорот ставија тогашните министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка…

Read More

Германија „веднаш“ ќе и достави уште 64 системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина, изјави германскиот министер за одбрана на вториот ден од средбата на НАТО во Брисел. – Одлуката е многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната, посочи Писториус. Германија минатиот месец најави помош во висина од речиси три милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, што е најголемо ветување за воена помош од почетокот на војната. Истовремено и американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Украина ќе добие дополнителна…

Read More

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон кој деновиве ја изгуби и пратеничката функција поради скандалот со забавите за време на пандемијата, ќе се врати на своите новинарски корени и ќе пишува неделна колумна за десничарскиот и најтиражен британски весник Дејли Меил. Веста прв ја прошири американско-европскиот политички портал Политико кој се повика на три одделни извори кои му рекле дека гласините дека британски Дејли меил ангажирал нов колумнист кој е голем ерудит се однесуваат на Џонсон. Подоцна веста беше потврдена и од Дејли меил со дополнителна информација дека објавувањето на колумните почнува од утре и дека тие ќе бидат „задолжително четиво…

Read More

Обвинителството во Краљево соопшти дека на тројцата уапсени косовски полицајци им е одреден притвор, јави дописникот на МИА од Белград. Вишото јавно обвинителство во Краљево донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничените Б. С., Р. З. и М. Ш. поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело-недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Според предлогот на јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Краљево, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Краљево на сите осомничени им одреди мерка притвор. Припадниците на специјалните единици на српската полиција ги уапсија тројцата вооружени косовски специјалци…

Read More

НАТО секогаш ќе го одбере патот што води кон надеж, демократија и мир, а не оној што води кон страв и војна, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ во рамките на Преспа форумот за дијалог во Струга. Во обраќањето Столтенберг говореше за Договорот од Преспа чие потпишување овозможи членство на Македонија во НАТО и кој што придонесе за добрососедски односи, а истовремено ја отвори иднината на земјава. Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, а таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат…

Read More

Неколку американски федерални владини агенции, меѓу кои и Министерството за енергетика, се погодени во глобален кибер-напад од руски сајбер-криминалци кои ја искористиле ранливоста во широко користен софтвер за пренос на датотеки, изјавија официјални лица, јави Си-Ен-Ен. Американската агенција за кибер безбедност и безбедност на инфраструктурата „обезбедува поддршка за неколку федерални агенции кои доживеале упади кои влијаат на нивните апликации MOVEit“, рече Ерик Голдстајн, извршен помошник директор на Агенцијата. „Работиме забрзано за да ги разбереме влијанијата и да обезбедиме навремена санација“, истакна тој во изјава за Си-Ен-Ен. Хакерите искористиле безбедносен пропуст во програмата MOVEit TRANSFER и ги „компромитирале“ податоците во две…

Read More

На 18 јуни (недела), од пладне до вечер, (12- 20ч), во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој настан го афирмира домашното производство на храна кое станува бесценето во трката за храна која полека се наметнува во светот под налетот на климатските промени, економската и безбедносната криза. Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од…

Read More