Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија итно ќе и испорача на Украина уште 64 системи Патриот

0
By Соња Крамарска on June 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 16, 2023 16:50

Германија „веднаш“ ќе и достави уште 64 системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина, изјави германскиот министер за одбрана на вториот ден од средбата на НАТО во Брисел.

– Одлуката е многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната, посочи Писториус.

Германија минатиот месец најави помош во висина од речиси три милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, што е најголемо ветување за воена помош од почетокот на војната.

Истовремено и американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Украина ќе добие дополнителна хуманитарна помош од САД во висина од 205 милиони долари.

Блинкен истакна дека тоа е „критично важна поддршка за украинскиот народ“. Средствата ќе бидат наменети за храна, вода за пиење, како и за образование, здравствена заштита, правна помош и друго. Обезбедени се и средства за да се помогне во одржувањето контакт меѓу членовите на разделените семејства.

Повеќе од шест милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на руската инвазија. Повеќе од пет милиони се внатрешно раселени.

Досега Вашингтон за Украина има обезбедено хуманитарна помош во износ од повеќе од 2,1 милијарди долари.

извор: МИА

 

Германија Патриот САД Украина Хуманитарна помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.