Author: Соња Крамарска

Германскиот Бундестаг доцна синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, но за време на расправата Резолуцијата беше изложена на остри критики од опозициските партии, вклучувајќи ја и ЦДУ, објави „Дојче Веле на македонски“. Во текстот на резолуцијата се вели дека германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик, а во препораките се бара од германската влада да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од дополнителни услови. „Со оваа Резолуција им оддаваме длабока почит на македонскиот идентитет, јазик,…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва е домаќин на Украина во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Украина. За двете репрезентации ова ќе биде втор натпревар во квалификациите. Во првото коло Македонците беа поуспешни од Малта, додека Украинците загубија од Англија. Капитенот на „црвено-жолтите“ Стефан Ристовски се надева дека со голема поддршка од навивачите може да се дојде до добар резултат. „Украина е една од селекциите која ја сметаат за ‘нефаворит’, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен,…

Read More

Украина планира да испрати „неколку десетици“ борбени пилоти на обука за летање со американски борбени авиони Ф-16, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. „Се прави сè за да започне што е можно поскоро“, изјави Ихнат за украинската национална телевизија, додавајќи дека пилотите избрани за обуката ќе имаат борбено искуство. „Тоа не е тренинг, тоа е преквалификација“, појасни Ихнат. Украина, која ја започна долгоочекуваната контраофанзива, постојано повторува дека и се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на руската воздушна доминација. Членките на НАТО, Холандија и Данска ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на…

Read More

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот Договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга. „Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Северна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и…

Read More

Германскиот Бундестаг вечерва ќе гласа за Резолуцијата со која се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија, со која оддава признание на македонската култура, идентитет и јазик, и 13 точки препораки за владата во Берлин, како чин на поддршка на граѓаните на нашата земја пред претстојното гласање на уставните измени кое ја вжешти политичката ситуација вои Македонија. Резолуцијата ја поднесоа парламентарните групи на трите владејачки коалициски партнери во владата: Социјалдемократите, Зелените и Либералите. Според македонската редакција на Дојче Веле текстот на Резолуцијата е следниов: „2023 е клучна година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на…

Read More

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека не треба да се очекуваат нови договори во однос на пристапувањето на Северна Македонија во Европската унија и посочи дека македонскиот јазик е веќе содржан во Преговарачката рамка без никакви квалификации. По потпишувањето договор за изградба на Европска куќа во Струга одговарајќи на новинарско прашање дали е можно по барањето на ВМРО-ДПМНЕ Советот на Европската Унија да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик, Гир истакна дека македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка без никакви квалификации. „Прво нешто што треба да кажеме дека на патот кон ЕУ не се…

Read More

Државјанинот на Северна Македонија кој синоќа беше убиен во Приштина во оружена пресметка која наликува на мафијашка пресметка е идентификуван од неколку косовски медиуми како Блерим Даци, јави дописникот на МИА од Приштина. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, Даци им бил од порано познат на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата со дрога. Во денешното соопштение на косовската полиција се вели дека убиениот бил откриен од надлежни полициски единици во возило со македонски регистерски таблички, а недалеку од местото на настанот е пронајдено изгорено возило за кое се претпоставува дека е користено…

Read More

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова доби специјална награда на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Италија. Меѓународното жири на фестивалот го пофали филмот како „интелигентна и актуелна камерна претстава“, додавајќи дека ја доделиле специјалната награда поради „режисерското мајсторство на држење на тензијата во куќата помеѓу тројцата карактери“. Ова е трето издание на фестивалот „КинЕст Фест“, кој го организира фондацијата „Долина Миру“ и е посветена на прославување на кинематографијата на источна и централна Европа. Фестивалот се одржува во сицилијанскиот град Катанија и трае речиси цел месец. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски…

Read More

Најмалку 79 мигранти загинаа, а повеќе од 100 се спасени откако нивниот рибарски брод потона крај јужна Грција. Но, преживеаните сугерираат дека на бродот можеби имало околу 750 луѓе, од кои 100 деца во складиштето. Грција вели дека тоа е една од најголемите мигрантски трагедии досега и прогласи тридневна жалост. Властите велат дека нивните понуди за помош биле одбиени, но тие се соочуваат и со обвинувања дека не направиле доволно за да помогнат. Според грчката крајбрежна стража, бродот потонал на околу 80 километри југозападно од Пилос околу 02:04 часот вчера изутрина. Граничната агенција на ЕУ Фронтекс соопшти дека го забележала…

Read More

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер, пренесува МИА. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која денеска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот. Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Северна Македонија да го спроведе компромисот со Европската унија од летото 2022 година, вели Хакер, алудирајќи на договорот за вметнување на Бугарите во Уставот. Германскиот пратеник нагласува дека влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес како на Германија,…

Read More

Европската унија воведува негативни политички и финансиски мерки за Косово затоа што косовскиот премиер Албин Курти, и покрај постојаните повици од ЕУ, не презеде итни и решителни чекори за намалување на ескалацијата на Косово, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано, пренесе Бета. „И покрај нашите постојани барања, косовскиот премиер Курти не презеде решителни чекори за намалување на тензиите и неговиот план за намалување на ескалацијата испратен до високиот претставник на ЕУ (Жозеп Борел) не беше одговор и начин да се елиминираат клучните елементи што предизвикаа и беа основните причини за кризата, што очекуваме тој итно и…

Read More

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Европскиот парламент изјави дека денес Косово е светилник на демократијата и дека граѓаните заслужуваат европска иднина, повикувајќи ги сите Срби на Косово да ги применат правата што им ги дава косовскиот устав, јави Н1. Таа изјави дека слободата, независноста и демократијата се водечки зборови на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова и стремеж на народот на Косово. „Тие три моќни зборови се реалност денес. Косово денеска е слободно, Косово денеска е независно, Косово е светилник на демократијата“, рече Османи и додаде дека народот на Косово сака само мир и стабилност, и тоа стабилност со…

Read More