Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот Бундестаг ја усвои Резолуцијата за Македонија, опозициската ЦДУ беше против

0
By Соња Крамарска on June 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 16, 2023 10:20

Германскиот Бундестаг доцна синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, но за време на расправата Резолуцијата беше изложена на остри критики од опозициските партии, вклучувајќи ја и ЦДУ, објави „Дојче Веле на македонски“.

Во текстот на резолуцијата се вели дека германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик, а во препораките се бара од германската влада да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од дополнителни услови.

„Со оваа Резолуција им оддаваме длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја“, кажа пред германските пратеници државната министерка во германското МНР, Ана Лирман.

Таа истовремено најави дека наскоро повторно, по четврти пат во последната година, ќе дојде во Скопје заедно со нејзините колеги од Франција и Полска во обид да се охрабрат уставните измени.

„Граѓаните ја губат вербата во ЕУ перспективата. Мора да ја вратиме довербата во ЕУ и да ги искористиме сите можности за да ги охрабриме нашите партнери во Северна Македонија“, додаде Лирман, чиј став е дека промената на Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив, го зајакнува мултиетничкиот карактер на државата.

Од опозициската ЦДУ на поранешната канцеларка Ангела Меркел и сестринската ЦСУ кажаа дека се против Резолуцијата затоа што владејачкото мнозинство ја издвојува Северна Македонија од останатите држави од регионот. Двајца пратеници на опозициските сестрински партии ЦДУ/ЦСУ се огласија против резолуција. Кристоф Клос од ЦДУ го критикуваше владејачкото мнозинство затоа што ја издвојува Северна Македонија од останатите држави од регионот.

„Да се разгледува секоја земја од Западниот Балкан одделно не е целисходно“, рече Клос и потсети дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел секогаш на регионот му пристапувала како на целина.

Во сличен тон, и Тобијас Винклер од баварската ЦСУ го критикуваше предлогот со кој се издвојува Северна Македонија и бараше да се прифати предлогот на неговата пратеничка група во која се бара поддршка за сите шест земји од За Балкан.

„Барате резолуција само за една земја, со лош тајминг“, рече Винклер образложувајќи дека ситуацијата е „политичка чувствителна” во Северна Македонија и дипломатски сензитивна- алудирајќи на спорот со Бугарија. На крајот тој иронично им порача на пратениците од владејачкото мнозинство дека преведената резолуција е веќе објавена во македонските медиуми, па можат да се радуваат уште пред гласањето.

Социјалдемократот Јосип Јуратовиќ одговори на критиките од опозицијата со став дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ секогаш се вреднувала поединечно, а не во група.

„ЕУ процесот е регата, и се вреднуваат индивидуалните постигнувања. Не може последниот да го чека првиот. Денеска се работи за искрената политика на проширување на ЕУ. Северна Македонија е кандидат од 2005 и сега е време. Сакаме сега да ја охрабриме Македонија со оваа Резолуција. Македонската култура ќе ја збогати ЕУ“, рече Јуратовиќ, кој побара од ЦДУ поддршка и влијание врз нивната сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, а од германската влада побара во ЕУ да се залага за укинување на правилото за консензус и замена со квалификувано мнозинство затоа што, како што рече,  „популистите тоа го злоупотребуваат“.

С.К.

Бундестаг Германија Македонија резолуција уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.