Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во последната година на функцијата, Доналд Трамп не платил ниту еден долар федерални даноци, додека за време на неговиот четиригодишен мандат платил вкупно 1,1 милион долари данок на државата. Овие податоци станаа достапни за јавноста кога Конгресот одлучи да ги објави и покрај противењето на поранешниот претседател. И покрај тоа што е милијардер, Трамп пријавил загуби само во 2020 година, па платил „нула долари данок“. И во првата година на власт (2017) плати само 750 долари. Меѓутоа, во 2018 и 2019 година пријавил приход и плаќал даноци, пренесува CNN. Парите на Трамп доаѓаат од „Trump Organization“, компанија која се занимава…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Вашингтон во своето прво патување во странство откако Русија ја нападна неговата земја во февруари, објавија американските медиуми, пренесе Би-Би-Си. Ненадејната посета на странска земја и тоа на САД исто така ја сигнализира важноста на односите на Украина со САД, кои одиграа водечка улога во обезбедувањето воена поддршка. „На пат кон САД за да ја зајакнам отпорноста и одбранбените капацитети на Украина“, напиша тој на Твитер. Зеленски планира да ја посети Белата куќа бидејќи се очекува претседателот Џо Бајден да објави нов пакет оружје за Киев, вклучително и ракетите Патриот, кои…
Илон Маск е поканет да дојде во Европскиот парламент за да учествува во јавна дискусија за Твитер, јави ДПА, повикувајќи се на писмо во кое имала увид. Во поканата до Маск се вели дека платформата не треба „ненамерно да стане катализатор за говор на омраза, мешање во изборите и лажни информации“. Писмото е со датум од вчера и е потпишано од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Во него американскиот милијардер е поканет лично да учествува во „отворена јавна размена на мислења“. Откако заврши со преземањето на Твитер, Маск беше постојано предупредуван од Европската комисија дека неговиот влијателен социјален медиум наскоро ќе мора да се усогласи…
Амбасадорите на ЕУ усвоија компромисен текст за визна либерализација за Косово пред неговото конечно усвојување во Советот на ЕУ, објави чешкото претседателство со ЕУ на Твитер, наведувајќи дека Косово направи уште еден чекор на својот европски пат. На почетокот на 2023 година, визната либерализација за Косово треба да биде потврдена од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент. Визната либерализација ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат и да останат до 90 дена во ЕУ без виза во кој било период од шест месеци. Режимот за безвизно патување ќе почне да се применува од датумот на започнување со…
Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на денешната седница, расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелацискиот суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на општествено политичкиот живот, особено носителите на јавни функции од сите власти. Воедно ги повика надлежните судски власти, да ја разјаснат конкретната ситуација, согласно нивните законски овластувања и навремено да ги презентираат наоѓањата пред пошироката јавност, а во насока на намалување на шпекулациите, кои не го рушат само судскиот интегритет туку и севкупното функционирање и доверба во државните институци. „Различните државни власти овозможуваат функционалност…
Работната група на Судскиот совет најрано утре може да го посети Апелацискиот суд, велат за НоваТВ извори од Судскиот совет. Денеска, како што ни рекоа, Судскиот совет има целодневна седница, поради што нема да биде можно да се исполни заклучокот од вчерашната седница посветена на анализа на одлуката на Апелацискиот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот Таргет-Тврдина во кој централна фигура е поранешниот шеф на контраразузнавањето и сива еминенција во тогашното ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков. Судскиот совет, вчера на вонредната седница која траеше одвај десетина минути донесе заклучок да формира работна група која треба да изврши увид во одлуката…
Скопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат Европска престолнина на културата во 2028 година. Ова е објавено на веб-страницата на Европската комисија во делот за култура и креативност. Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје. Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ. „Будва и Скопје влегоа во потесниот избор на конкурсот за титулата Европска престолнина на културата за…
Тоа беше една од најистакнатите групи за човекови права во Брисел, со канцеларија на неколку метри од резиденцијата на британскиот амбасадор и управен одбор со голем број познати личности. Сега таа е во центарот на корупцискиот скандал што го зафати Европскиот парламент: водечките патрони заминаа, па дури и нејзината табличка со името е отстранета од влезната врата, под налетот на правосудно-медиумскиот ураган по откритието за земање мито од Катар. „Борба против неказнивоста“ е основана во 2019 година од Пјер Антонио Панцери, поранешен член на Европскиот парламент, за да ги промовира човековите права и да ги изведе прекршителите пред лицето на…
Светските шампиони од Аргентина во денес рано наутро се вратија во татковината. Предводени од нивниот капитен Лионел Меси, „гаучосите“ ја совладаа Франција со 4:2 на пенали во финалето во Катар. Регуларното време и продолженијата завршија 3:3. Меси, кој постигна два гола во решавачката пресметка со „петлите“, беше првиот играч кој излезе од авионот и го крена високо пехарот од Светското првенство. Веднаш зад него се најде селекторот Лионел Скалони, пренесува Франс прес. Напаѓачот Хулијан Алварез, кој блескаше во Катар со своите четири гола, беше еден од следните што се појавија. На опашката на авионот блесна фотографија од Меси и зборовите:…
Две третини од македонските граѓани сакаат земјата да ја видат во Европската унија, покажува новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија. Покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021, истражувањата на оваа анкета покажуваат дека седумдесет и три отсто од македонските граѓани даваат силна поддршка, додека 24 отсто не се за влез во ЕУ. „Многу е охрабрувачки да се види таква силна поддршка за членство во ЕУ, бидејќи има и недемократски актери кои напорно работат за да ја подобрат својата положба во земјата“, рече Мекарти. На прашањето за насоката во која се…
МИТКО БОГДАНОСКИ Државата во моментов се соочува со сериозна закана, која пред сè има за цел да ја доведе во прашање довербата на граѓаните во институциите. Лажните дојави за поставени бомби во разни објекти претставуваат не само закани за конкретно посочените објекти во кои навидум е поставена бомба, туку и за националната безбедност. Во минатото, најчест начин искористен за дојава за лажна бомба беше телефонски повик, но денес сè повеќе како медиум за пренос се користи електронската пошта, што доколку се искористат можностите кои ги нудат разни провајдери и механизми, овозможува значително поголема анонимност. Сакам да напоменам дека не…
ЗОРАН ИВАНОВ Ваков онаков, секаков, никаков, факт е дека СДСМ и овој пат ја турка земјава кон извесност. Со нужното партиско дистанцирање поради професионални новинарски скрупули, а за потврда на горната констатација, еве факти: Секогаш кога во овие изминати три декади, еве веќе и нешто долго, СДСМ е партијата, политичката сила, политичкиот фактор кој ја поттурнува државата Македонија од заглавувањето во сопствената кал. Од оние бездни во кои најчесто, поради некакви популизми, а всушност, се потврдуваше, манипулации, и самите се втурнувавме. Попрецизно, во кои најчесто нè туркаа грабливи, корумпирани партиски водства. Па, по ред, само онака, хронолошки површно: 1991-ва,…