Во последната година на функцијата, Доналд Трамп не платил ниту еден долар федерални даноци, додека за време на неговиот четиригодишен мандат платил вкупно 1,1 милион долари данок на државата.

Овие податоци станаа достапни за јавноста кога Конгресот одлучи да ги објави и покрај противењето на поранешниот претседател. И покрај тоа што е милијардер, Трамп пријавил загуби само во 2020 година, па платил „нула долари данок“. И во првата година на власт (2017) плати само 750 долари. Меѓутоа, во 2018 и 2019 година пријавил приход и плаќал даноци, пренесува CNN.

Парите на Трамп доаѓаат од „Trump Organization“, компанија која се занимава со бизниси кои се движат од недвижен имот до модни брендови и управување со хотели. Тој отворено се пофали дека користи дупки во законот и дека законски и плаќа најмала можна казна на државата.

Сепак, тој одби да открие колку данок плаќа иако е политичка практика претседателите да ги објавуваат даночните пријави. Политичките противници на поранешниот шеф на Белата куќа изјавија дека Трамп не сакал да ја објави даночната пријава за јавноста да не дознае за загубите во неговата компанија, што ќе го наруши имиџот на „генијалниот бизнисмен“ што Трамп го градеше со години.