Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Веста ја соопшти полицијата. „Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,…
Суперѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, објави дека нема да се откаже од националниот тим по триумфот на Светското првенство во 2022 година. 35-годишниот фудбалер ја има најголемата заслуга што Аргентина по трет пат ја освои светската титула првак во фудбал, победувајќи ја синоќа Франција во финалето на Купот. „Нема да се откажам од репрезентацијата. Сакам да продолжам да играм како шампион“, најави Меси по финалето. „Успеавме на луд начин. Многу го посакував овој трофеј и знаев дека Господ ќе ми го даде. Имав чувство дека тоа ќе се случи на таков начин, сега треба да уживаме. Погледнете колку е убав…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и постојаната закана со бомби низ Северна Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.
Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа Твитер, на својот Твитер профил објави анкета во која прашува дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата, ветувајќи дека ќе се придржува до резултатите од анкетата. Околу еден милион луѓе гласаа за неколку минути по објавувањето на анкетата. Процентуално, најновите податоци покажуваат дека има повеќе луѓе кои се за тоа Маск да не биде на чело на Твитер – 57,3 проценти наспроти 42,7 проценти. Маск ја презеде улогата на извршен директор на компанијата кон крајот на октомври кога отпушти голем број високи извршни директори и го распушти управниот одбор. Исто така,…
Советот на Апелацискиот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелацискиот суд, утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. „Предметот на…
Здружението на историчари на Македонија, наведе 13 крупни фактографски и други грешки во учебникот по историја за петто одделение, напишан од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска. „Сметаме дека доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците. Недозволиво е во XXI век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации“, наведуваат во реакцијата. Првата грешка е што учебникот тврди дека „Стариот век или античка историја век е период…
Судскиот совет денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во врска со одлуката на Апелацискиот суд Скопје со која беше укината првостепената пресуда и предметот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, го врати на повторно постапување, викендов во писмена изјава до медиумите најави дека денеска во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија, а Судскиот…
Премиерката Ана Брнабиќ за РТС изјави дека Србите на северот на Косово се на барикадите затоа што бараат основни човекови права и ништо повеќе. Таа посочува дека се плаши од ескалација, но дека „ќе направиме се за да го зачуваме мирот и некаква стабилност“, пренесе Н1. Таа вели и дека е длабоко разочарана од реакцијата на меѓународната заедница и дека Србите во Косово можат да ги слушнат Брисел и Вашингтон само кога се на барикадите, но и тогаш не баш добро. „Србите во Косово и Метохија се на барикадите затоа што бараат основни човекови права, но навистина основни човекови права и…
Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се одржа промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравството и општествените науки. Како што информираат од УКИМ, на свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Во доктори на наука беа промовирани Маре Стевковска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пластичната и реконструктивната хирургија, Бојан Бошковски, доктор на медицински науки…
Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми. Михајловиќ беше југословенски ререзентативец и дел од тимот на Црвена звезда кој ја освои титулата на Лига на шампиони, во кој играше и македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев. Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња. Кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил…
Европратеникот од Белгија, Марк Тарабела, иако е суспендиран од неговата партија, ќе остане градоначалник. Марк Тарабела е меѓу петте главни осомничени во скандалот со поткуп на пратеници во Европскиот Парламент од страна на Катар. Европратеникот пред неколку дена беше суспендиран од страна на неговата социјалдемократска партија, но тој продолжува да негира било каква инволвираност во овој скандал. Освен европратеник, Тарабела е и градоначалник во општината Антин близу градот Лиеж во Белгија. Општинскиот совет денеска го потврди продолжувањето на неговиот мандат и покрај скандалот. Оттаму изјавија дека се држат до принципот на пресумпција на невиност за нивниот градоначалник, кој е на…
Денес во орбитата беше лансиран американско-француски сателит кој ќе ги мапира речиси сите светски океани, езера и реки, јави Асошиетед Прес. Со ова лансирање со ракетата SpaceX кое се случи утрово од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, заврши многу успешната година за НАСА. Прекарот SWOT – кратенка за Површинска вода и океанска топографија – сателитот е потребен повеќе од кога и да е, бидејќи климатските промени ги влошуваат сушите, поплавите и ерозијата на крајбрежјето, според научниците. Овации избувнаа во контролните центри во Калифорнија и Франција додека леталото ја започна својата мисија. „Тоа е клучен момент и јас сум многу возбудена…